Медиуми: Новите барања на Нетанјаху ја комплицираат потенцијалната размена на заложници и прекинот на огнот со Хамас

July 12, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги надгради своите барања додека траат дискусиите меѓу Тел Авив и палестинската група Хамас за нов прекин на огнот и размена на заложници во Газа, објавија денес израелските медиуми, пренесува Анадолу.

Според израелската веб-страница „Вала“, Нетанјаху поставил строги услови за договорот за прекин на огнот и размена на заложници.

Минатата недела, кога продолжија преговорите меѓу Израел и Хамас за договор за прекин на огнот и размена на заложници, Нетанјаху воведе нови услови. Еден од најзначајните услови се однесува на границата на Газа со Египет и граничниот премин Рафа, се вели во извештајот.

Нетанјаху предложи Израел да ја задржи контролата над египетската граница на Газа, наречена Коридор Филаделфи, и тврди дека израелските сили треба да го надгледуваат преостанатиот дел од преминот Рафа на палестинската страна.

Израелскиот премиер, исто така, изрази противење да им се дозволи на „членовите на Хамас“ да се вратат во северниот дел на Газа, дури и во случај на прекин на огнот.

Нетанјаху, исто така, тврди дека секој договор за прекин на огнот и размена на заложници во Газа треба да го обезбеди правото на Израел да продолжи со нападите додека не се постигнат целите на војната.

„Нетанјаху ги надгради барањата во обид да ги максимизира придобивките од преговорите, користејќи ја ранливоста на Хамас. Сепак, постои загриженост дека големиот притисок може да доведе до колапс на разговорите“, изјави за „Вала“ неименуван израелски функционер.

Досега, напорите на САД, Катар и Египет да посредуваат во договорот меѓу Израел и Хамас беа попречени поради отфрлањето на Нетанјаху на повикот на Хамас за прекин на непријателствата.

Израел се соочи со меѓународна осуда поради неговата континуирана брутална офанзива со неселективно бомбардирање на цивилни населби, училишта, верски објекти и болници на Појасот Газа од 7 октомври минатата година.

За период од 9 месеци во израелски напади на Појасот Газа се убиени повеќе од 38.000 Палестинци, а голем дел од територијата на која живееја 2,3 милиони луѓе е претворена во урнатини. Поголемиот дел од цивилното население е раселено и е во непосредна опасност од глад бидејќи Израел применува строги ограничувања за испорака на хуманитарна помош.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата, чија последна пресуда им наложи на израелските власти веднаш да ја прекинат воената операција во јужниот град Рафа.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарната помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

УТРЕ Е ПАВЛОВДЕН- еве што се верува дека ќе ви се случи ако ве полази пајак на овој ден

Следно

Се моли Џорџ Клуни да не се замислува кинг-мејкер

Latest from Blog

Еквадор: Уапсен водачот на озлогласената нарко-банда Лос Лобос

Еквадорските власти го уапсија водачот на бандата Лос Лобос, една од најголемите нарко-криминални групи во земјата, во соработка со шпанската полиција, изјави денес еквадорскиот претседател Даниел Нобоа. Вилмер Џовани Чаварија Баре, познат

АНАЛИЗА НА МИА: Македонските судии и JO работат помалку, со најниска доверба во Европа, а според просечната плата се како германските

Една од клучните борби против Предлог буџетот на Владата и Министерството за финансии доставен до Собранието, ја водат судиите и обвинителите. Тие бараат многу повеќе пари за својата работа, во која уживаат

Вучиќ на седница на српската Влада: Решение за НИС мора да има за седум денови

 Тоа денеска го нагласи српскиот претседател Александар Вучиќ кој учествуваше на отворената седница на Владата на Србија. Според него, последната опција за НИС ќе биде национализацијата, доколку нема друго решение. Според Вучиќ,
Go toTop