Меџити: Во општина Свети Николе само во водоводна инфраструктура инвестираме над 1.3 милиони евра

February 10, 2025
1 min read

Првиот заменик преседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити придружуван од заменик  министерката Ане Лашкоска беше во работна посета на општина Свети Николе, каде заедно со градоначалникот Дејан Владев направија обиколка на локацијата на која се гради фекална канализација во с. Мустафино, во должина од 8 километри.

Проектот за изградба на фекалната канализација во с. Мустафино е повеќегодишен и е финансиран од  Министерството за животна средина и просторно планирање, кое има склучено Договор во вредност од 32.5 милиони денари за изведба и Договор во  вредност од 165 илјади денари за вршење на стручен технички надзор.

„Она што сакам да го истакнам е дека проектот се реализира и побрзо од  предвидената динамика.  Степенот на реализација на градежните работи изнесува 82 проценти од целокупниот проект“ изјави министерот Меџити и информираше дека во оваа општина и преку Европската инвестициска банка ќе се инвестираат средства во водоводната инфраструктура. Инвестициите се во висина од над 738 илјади евра за проектите: изградба на фекална канализација с. Кадрифаково, фекална канализација с. Сопот, водоводна мрежа во место викано “Мало Стопанство” и реконструкција на водоводна мрежа на дел од улиците Кумановска и Ќиќевачка.

Градоначалникот Дејан Владев се заблагодари на огромната помош добиена како од министерството така и од Владата, а информира дека општина Свети Николе на новиот повик од Владата ќе аплицира со проект за водоводна мрежа во м.в. Кнежевски пат, со што ова општина трајно ќе го реши проблемот со водоснабдувањето и ќе обезбеди современи услови за живот на населението.

Тој најваи дека изведбените работи за фекалната канализација во с. Мустафино се очекува да завршат до мај/јуни годинава.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Во одбрана на демократијата: Германски ТВ документарец за клучните моменти од меѓународната конференција во Скопје

Следно

Синер се изедначи со Алкараз по поминати недели како број 1 на АТП ранг-листата

Latest from Blog

Празнична посета: Коњановски на средба со муфтијата Расими во Битола

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, по повод празникот Рамазан Бајрам, денеска го посети Битолското муфтиство на покана на муфтијата Амит Расими, каде присуствуваше на традиционалната празнична баклава. Коњановски изрази благодарност за

Путин му честита на Ким, повикува на зајакнување на стратешкото партнерство со Северна Кореја

„Секако, ќе продолжиме со нашата тесна заедничка работа насочена кон зајакнување на стратешкото партнерство меѓу Москва и Пјонгјанг“, рече Путин во пораката објавена од Кремљ, уверувајќи дека „ова несомнено одговара на фундаменталните
Go toTop