Меџити: Во Арачиново за една година инвестирани 164 милиони денари

August 18, 2025
1 min read

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, денеска изврши увид во завршната фаза од изградбата на секундарната фекална канализација во Арачиново, проект составен од девет краци со вкупна вредност од околу 20 милиони денари.

Меџити истакна дека моментално се работи на последниот крак во должина од 860 метри, каде што се реализирани 50% од активностите, а целосното завршување на проектот се очекува во наредниот месец

Во изминатите 13 месеци во Арачиново донесовме инвестиции од над 164 милиони денари – реални и конкретни проекти, а не само празни ветувања. Она што за некои беше недостижно повеќе од три децении – ние го реализиравме. Го изградивме ободниот канал, започнавме со изградба на нови фекални, атмосферски и водоводни мрежи, и овозможивме урбано уредување преку изградба на пешачки патеки и шеталишта, како што е случајот покрај Мојанска Река“, изјави Меџити.

Тој појасни дека овие инвестиции се резултат на соработката на Министерството за животна средина со Владата, при што преку Првиот и Вториот повик и Програмата за капитални инвестиции се вложени 164 милиони денари – 64 милиони денари за изградбата на каналот и 100 милиони денари за други инфраструктурни проекти.Меџити најави дека инвестициите ќе продолжат и во иднина, нагласувајќи дека средствата ќе се насочуваат каде што постои реална потреба, „не по партиска или етничка линија, туку за да секој граѓанин ја почувствува разликата“.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити: Во Арачиново вложени 164 милиони денари за конкретни проекти

Следно

ВИДЕО: Кучето кое беше злоставувано од сопственикот е на безбедно – еве како се опоравува

Latest from Blog

Правните лица „Класик ДМ“ и „ММММ“ ја плаќале фирмарината за „Пулс“

На денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку

Судење за „Пулс“: Општината алармирала за несоодветна намена на објектот

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, сведокот Драги Илиевски изјави дека Општина Кочани реагирала за намената на објектот и побарала да се спречи негово користење како дискотека. Тој појасни дека објектот се

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина
Go toTop