Меџити: Стопиравме можност нашите деца да имаат коцкарници на своите телефони, во компјутери од дома и од училиште

September 24, 2024
1 min read

Првиот вицепремиер Изет Меџити изјави дека на денешната седница на Владата се донесе одлука за реализација на толкувањето од Собранието за престанок на важноста на нелегалните лиценци за он-лајн коцкарници издадени од Владата на ДУИ, а со тоа и запирање на он-лајн коцкањето во државата.

-Ги стопиравме штетните дозволи кои претходната Влада на ДУИ и СДСМ ги доделија на српски фирми, црногорски и други. Стопиравме можност нашите деца да имаат коцкарници на своите телефони, во своите компјутери од дома и од училиште. Ветувањето пред изборите, денес станува реалност. Остануваме луѓе од збор. Нема да дозволиме личното богатење на поединци од претходната Влада да биде причина за илјадници осиромашени семејства на наши сограѓани, рече тој.

Посочи дека врвен приоритет на Владата е да ги заштити граѓаните.

-Посебно младите луѓе. Да ги заштитиме од долгови, банкрот, зависност од коцкање, последователно да ги заштитиме од социјални и фамилијарни потешкотии, да ги заштитиме од судир со законот и нелегални активности кои секогаш се последица на коцкањето. Отсуството на јасна процедура, претходната Влада свесно ја користела за создавање на нови и нови компании за он-лајн и интернет коцкање. Интерес имале поединци од врвот на ДУИ и претходната Влада, а штетата била на илјадници наши сограѓани.  Ветивме дека ќе се бориме против ова зло, денес покажуваме на дело. Нема да запреме додека не создадеме услови за пристоен живот, рече Меџити.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Меџити: Стопиравме можност нашите деца да имаат коцкарници на своите телефони, во компјутери од дома и од училиште.

Следно

УПОТРЕБИВ 4 ФИЛТРИ ЗА ДА ЈА ДОБИЈАМ ТАА КРВАВО-ЦРВЕНА БОЈА ВО „ЧУДЕСНАТА СУДБИНА НА АМЕЛИЈА ПУЛЕН“, РЕЧЕ КИНЕМАТОГРАФЕРОТ ДЕЛБОНЕЛ ВО БИТОЛА

Latest from Blog

Мицкоски разочаран од новото раководство на СДСМ

Премиерот Христијан Мицкоски не е импресиониран од новото раководство на опозициската СДСМ и смета дека нема да бидат конструктивна опозиција. – Ние не може да кажеме какво раководство треба да има СДСМ,

Палестинците принудени да мигрираат поради нападите на Израел, се борат со дождот и студеното време

ДЕИР БАЛАХ / ХАН ЈУНИС (АА) – Палестинците бегајќи пред израелските напади, живеат во импровизирани шатори. Со доаѓањето на студениот бран, Палестинците во шаторските населби во градовите Хан Јунис и Деир Балах

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ

Убедена сум дека ќе го вратиме статусот, угледот, кредибилитетот, поддршката и победите на единствената државничка партија во Македонија – нашиот Социјалдемократски сојуз на Македонија, порача новата Заменичка-претседателка на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија,
Go toTop