Меџити: Со ВЛЕН градиме сe од почеток, развојот не застанува во ниту еден дел на Чаир

September 20, 2025
1 min read

Првиот вицепремиер и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, секојдневно докажува дека започнатата промена нема запирање. Во видео објавено денеска на неговата официјална фејсбук страница, се гледа улицата „Аврам Писевски“ во населбата Гази Баба, каде што градежните работи бележат целосна трансформација.

На оваа улица е поставена нова атмосферска мрежа, се поставени канализациони цевки и е изградена нова водоводна мрежа. Ова значи дека жителите повеќе нема да се соочуваат со старите проблеми на недостиг од основна инфраструктура, вклучително поплави и недостиг на питка вода.

„Поздрав од улицата Аврам Писевски во населбата Гази Баба!“ напиша Меџити, потенцирајќи ја својата посветеност да донесе опипливи и конкретни проекти кои го подобруваат животот на граѓаните.

Според Меџити, овој проект претставува јасен доказ дека визијата на ВЛЕН за модернизација на Општина Чаир не останува само ветување, туку се претвора во реалност. Преку овие инвестиции, граѓаните добиваат подобри услови за живот, а чаирските населби ја добиваат достојната слика што ја заслужуваат.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Коњановски: Со поддршка од Владата ја менуваме сликата на Битола

Следно

Димитриевски: Повеќе од 200 пожари се подметнати од човек, формирана е работна група за детекција и брза реакција

Latest from Blog

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се

Арагчи: Ормуската Теснина останува затворена за „агресорските земји“

Тој прецизира дека преминот е затворен за пловилата на „агресорските држави и нивните поддржувачи“, пренесува порталот „Прес ТВ“. Во телефонски разговор со својот јужнокорејски колега Чо Хјун, Арагчи истакна дека моментната несигурност

ОД ПРВИОТ ЧЕКОР ДО САМОСТОЈНОСТ – 25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства
Go toTop