Меџити со пензионерите од Чаир: Поддршка и политики за достоинствен живот

September 23, 2025
1 min read

Првиот заменик премиер и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, денеска оствари средба со пензионерите од оваа општина, потенцирајќи ја исклучителната важност што тие ја имаат за општеството во земјата.

“Имам особено задоволство да се сретнам со луѓето кои целиот свој живот го посветиле на изградбата на нашето општество. Тие заслужуваат најголема почит и поддршка“, изјави Меџити.

Тој потврди дека Владата, за помалку од една година, успеала да ги зголеми пензиите за вкупно 7.000 денари, што претставува значаен чекор кон подобрување на економските услови на повозрасните граѓани.

“Ова е чувствителна и конкретна промена во секојдневниот живот на пензионерите. Оваа политика ќе продолжи со нови чекори за да обезбеди достоинствена старост за сите“, додаде Меџити.

Понатаму, тој нагласи дека поддршката за пензионерите не треба да биде само финансиска, туку и социјална, при што истакна дека општина Чаир ќе инвестира во создавање нови содржини, социјални, културни и рекреативни програми, меѓу кои културни и спортски настани, патувања и едукативни програми, како и активности за поквалитетен социјален живот.

Општина Чаир ќе биде партнер на сите здруженија на пензионери, поддржувајќи ја секоја иницијатива што придонесува за нивната благосостојба, а во соработка со Владата ќе се дизајнираат и посебни програми за здравствена превенција, кои ќе вклучуваат едукации, бесплатни лекарски прегледи и активности за зачувување на физичкото и менталното здравје на повозрасните лица, истакна Меџити.

Тој дополнително ја нагласи и заложбата за помош на пензионерите што живеат во тешки социјални услови преку систематска поддршка, социјални пакети и континуирана институционална грижа.

“Пензионерите се нашата гордост, наша сила и наша најголема мудрост. Наша должност е да им обезбедиме достоинствена, мирна и исполнета старост. Ова е ветување што како општина Чаир ќе го исполниме до крај“, заклучи Меџити.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Украинци: Погодивме производствена линија каде што се меша нафтата од Урал за извоз

Следно

УЕФА покрена постапка против Симеоне и Ливерпул за инцидентот на „Енфилд“!

Latest from Blog

Полска повторно ги отвори граничните премини со Белорусија

Граничните премини меѓу Полска и Белорусија ќе бидат повторно отворени во среда на полноќ, изјави вчера полскиот премиер Доналд Туск. Полска ја затвори својата граница со Белорусија овој месец поради воените вежби

Луѓето открија како без бојкот да им се одмаздат на малопродажните синџири: Се шири нов тренд – „штедење од одмазда“

Во време кога цените на храната, режиските трошоци и горивото постојано растат, сè повеќе луѓе се одлучуваат на нов вид бунт, односно „одмазничко штедење“. Наместо бојкот на продавници или протести, потрошувачите едноставно

Влада: Отфрламе какво било селективно или ограничено информирање на медиумите до информации од јавен интерес

Со највисока одговорност сакаме да ја информираме јавноста во врска со изнесените ставови од Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), велат од владината прес-служба. Категорично истакнуваме дека во ниту еден момент не

Оваа храна е најдобра за панкреасот! Што смеете, а што не смеета да јадете, ако имате болки во стомакот

Храната и она што го јадеме можат да имаат огромно влијание врз тоа како се чувствуваме, особено ако имаме панкреатитис, состојба што се јавува кога органот што произведува дигестивни ензими се воспалува.
Go toTop