Меџити: Почнуваме акција за почист воздух

September 26, 2024
1 min read

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити и директорката на Државниот инспекторат за животна средина Ивана Гиновска, денеска одржаа прес-конференција на која го најавија стартувањето на заедничките активности за почист воздух, што во пресрет на грејната сезона ќе ги спроведуваат Министерството за животна средина и просторно планирање и Државниот инспекторат за животна средина.

„Почнуваме со контрола на производните капацитети, заедно со Инспекторатот ќе бидат посетени најголемите индустриски капацитети во државата, почнувајки од Скопскиот Регион. Работни тимови ќе спроведат увиди на терен, односно надзор над издадените интегрирани еколошки дозволи, со цел да се контролира усогласеноста на условите во дозволата со работата на инсталацијата на терен“ рече Меџити.

Според Меџити активностите се планирани од причина што пред нас е уште една грејна сезона, кога повторно ќе се актуализира прашањето за квалитет на амбиенталниот воздух. Ова е предизвик со кој со години се соочува државата, а Министерство и Владата сакаат навремено да стартуваат со активности во насока на ублажување на очекуваниот пораст на концентрации на ПM 10 и ПМ 2,5 суспендирани честички.

Министерство за животна средина и просторно планирање

При тоа, Меџити нагласи дека квалитетот на воздухот не е проблем што се решава преку ноќ, не е само локален проблем и не е проблем на едно министерство, а активностите ќе бидат инклузивни, ќе се споделуваат и ќе се координираат со сите релевантни институции.

Новоименуваната директорка на Државниот инспекторат за животна средина Ивана Гиновска истакна дека Државниот инспекторат за животна средина секојдневно соработува со Управата за животна средина, како стручен орган, во подготовка на интегрираните еколошки дозволи што се клучни во областа на индустријата и квалитетот на амбиентниот воздух. Во овој период во посебен фокус е медиумот воздух и веќе се планирани редовни инспекциски надзори кај субјектите со А интегрирани еколошки дозволи на територијата на целата држава. При надзорите, согласно динамиката, ќе учествуваат и и стручни лица од Министерството што ги издаваат наведените дозволи.

Овие активности покрај тоа што имаат за цел да контролираат усогласеност на спроведување на националното законодавство, исто така имаат за цел да обезбедат кооперативност и подигнување на јавната свест кај сите засегнати страни дека во престојната грејна сезона мора навремено и континуирано да се дејствува, да се прават добри и оптимални избори со кои економијата ќе се развива, но не на штета на животната средина и здравјето на луѓето.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Партиите во бугарскиот Парламент едногласни околу декларацијата за Македонија

Следно

Николовски: Спроведуваме проекти што ќе ја олеснат работатата на превозниците

Latest from Blog

Руски шпионски сателити ја снимале базата на „забранетиот остров“ – „АКО ГО НАПРАВАТ ТОА ТРИ ПАТИ, ЗНАЕМЕ ШТО СЛЕДИ!“

По обидот за ирански напад, Русија ја фотографирала базата на „забранетиот остров“ Диего Гарсија, кој се наоѓа на островите Чагос, јавуваат украинските разузнавачки служби, пишува The Telegraph. Вододимир Зеленски, претседателот на Украина,

Во Париз одбележани 95 години од смртта на д-р Атанас Коцарев, истакнат македонски онколог

Во организација на здружението „Заборавени Македонци“ од Париз и париската општина Бонди денеска на старите градски гробишта се одржала комеморација за истакнатиот македонски онколог и светски признат научник охриѓанецот д-р Анастас Коцарев

Алиу: Со законски измени ја враќаме одлуката за дарување органи кај граѓанинот

Министерот за здравство Азир Алиу преку својата последна колумна порачува дека претстојните законски измени во областа на трансплантацијата имаат за цел да ја вратат личната одлука таму каде што ѝ е местото
Go toTop