Меџити од Косово: Не постои Закон за албански јазик за да може да се каже дека се укинува

November 18, 2024
1 min read

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити по денешната меѓувладина седница во Приштина истакна дека во Северна Македонија не постои Закон за албанскиот јазик за да може да се каже дека се укинува. Потенцира дека во подготовка е посебен закон за соодветна застапеност на Албанците во Северна Македонија.

-Прво, ќе се поврзам со одговорот на премиерот Курти кој рече дека во Македонија не постоел Закон за албанскиот јазик, па сега тој сега се укинува или прекршува. И второ, не се оспорува од Владата на Република Северна Македонија, туку има иницијатива во Уставниот суд каде деветте судии избрани од Владата на СДСМ-ДУИ и проблемот го прават тие судии на Уставен суд со мандат од минатото мнозинство. Денеска сме тука да ја продлабочиме соработката меѓу двете влади и да им го олесниме животот на граѓаните во нашите две земји. Гарантираме дека албанскиот јазик ќе напредува во Република Северна Македонија, исто како што најдовме решение и се формираше експертска група од партнерите во Владата кои работат на балансерот, кој беше само механизам, а сега зема димензии на законско решение или посебен закон за соодветна застапеност на Албанците во Македонија, рече Меџити.

Но новинарско прашање што ќе направат како политичка партија на Албанците доколку Уставниот суд го оспори албанскиот јазик, Меџити нагласи дека Уставниот суд има побарано мислење од Венецијанската комисија и од каде добиле забелешки за три члена од Законот за употреба на јазиците во Република Северна Македонија.

-Уставниот суд не го оспорува албанскиот јазик затоа што нема закон за албанскиот јазик. Уставниот суд, на барање на Владата на СДСМ-ДУИ, има побарано мислење од Венецијанската комисија и тие дале забелешки за три члена од тој Закон за употреба на јазиците во Република Северна Македонија, а тоа се само за тие три члена. Правиме се од себе да ги задржиме позициите на јазикот и да го унапредиме во иднина, рече тој.

Меџити посочи дека ги уверува нашите граѓани и сонародници во Косово и во светот дека нема потреба да се вознемируваат бидејќи, како што рече, правата што се стекнати не може да се деградираат, туку правата ќе се унапредат.

Првиот вицепремиер нагласи дека прават максимални напори да се задржи позицијата и унапредувањето на јазичните и другите права на Албанците.

-Овде Србите имале закон за официјална употреба на српскиот јазик иако во Косово се само 4 отсто. Албанците, иако се вкупно 24-30 отсто, немале закон за службена употреба на албанскиот јазик. Правиме максимални напори да ја задржиме позицијата и да ги унапредиме јазичните и другите права на Албанците, рече Меџити. 

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Илиевска: Буџетот за 2025 како стратегија за развој и поддршка на младите кои се клуч за иднината на Македонија

Следно

Албанците се мост меѓу Македонија и Косово, велат пораките кои Курти и Мицкоски ги пренесоа еден на друг

Latest from Blog

Божиновска: Со стипендии и практична работа им отвораме пат на младите инженери

На иницијатива на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, АД МЕПСО ја обновува програмата за студентско стипендирање. За академската 2026/2027 година ќе бидат доделени 15 стипендии во месечен износ

Општина Битола: До 19 ноември може да предложите волонтер или волонтерска акција за локална награда

Локалниот совет за волонтерство на Општина Битола ги поканува сите волонтери и организатори на волонтерска работа, кои во 2026 година оствариле значителен придонес во областа на волонтерството да се пријават на повикот

Канадски министер за енергетика: Рударството влегува во најголемиот инвестициски суперциклус во историјата

Светот влегува во досега најголемиот инвестициски суперцикл во историјата на металургијата и рударската индустрија, изјави канадскиот министер за енергетика и природни ресурси, Тим Хоџсон, за време на неговото обраќање во Лондон. Според него,

Рударството во пад: Димов повикува на развој заснован на знаење и стручност

Падот на индустриското производство во рударскиот сектор продолжува и во септември, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика. Во услови кога вкупното индустриско производство во државата бележи раст од 2,4%, рударството

Ракометната федерација на Македонија со остра реакција по мечот со Грција: Кратенката НМКД е неприфатлива

Ракометната федерација на Македонија (РФМ) најави дека ќе поднесе официјален приговор до Европската ракометна федерација (ЕХФ) и до Ракометната федерација на Грција поради кратенката што беше употребена во телевизискиот пренос од натпреварот
Go toTop