Меџити: Ние не зборуваме за сателити и астрономија, туку за елементарни услови во Чаир (ВИДЕО)

September 4, 2025
2 mins read

„Можеби не сме направиле мноу, но 40 години не се донесе Законот за Медресето, ВЛЕН за една година успеа да го официјализира медресето Иса Бег и учениците од ова средно училиште да имаат ист статус како сите останати ученици во средните училишта во земјата.“ Ова го изјави првиот вицепремиер и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, на средба со жителите на населбата Дуќанџик.

Меџити, придружуван од носителот на советничката листа на ВЛЕН во Чаир, Мухамед Муртези, и пратеникот Беким Сали, беше пречекан во конакот на хаџи Ибрахим, каде што ги презентираа реализираните работи во изминатата година и конкретните планови за иднината. Тој потенцираше дека ВЛЕН за само една година успеа да реализира закони и проекти кои ДУИ не ги направи повеќе од две децении, додека го критикуваше неговиот противкандидат, Бујар Османи, дека пред жителите зборува за сателити и астрономија, заборавајќи ги секојдневните проблеми на чаирчани.

„Можеби не сме направиле многу, но 40 години не се донесе Законот за Медресето, ние ВЛЕН за една година успеавме да го официјализираме медресето Иса Бег и учениците од ова училиште да имаат ист статус како сите останати ученици во средните училишта во земјата. Можеби не сме направиле многу, но за една година го направивме тоа што ДУИ не го направи 22 години, Законот за правична и адекватна застапеност на Албанците во државната и јавната администрација. Можеби не сме направиле многу, но го завршивме каналот во Арачиново, овие денови започнуваме и ќе го завршиме и каналот во Хасанбег каде што од едно невреме и поплава имавме 20 жртви. Можеби не сме направиле многу, но секојдневно по малку работиме за нашите населби и денеска сме тука да зборуваме за тоа што сме направиле за една година, за тоа што ќе се направи до изборите и да образложиме заедно со вас зошто ја бараме довербата на граѓаните во Дуќанџик, Серово, значи не кај Борел и Лајчак, бидејќи можеби со нив не се разбираме, но со жителите на Дуќанџик, Серово, Гази Баба, Дижонска многу добро се разбираме, затоа што не зборуваме за сателити, не зборуваме за астрономија, ние зборуваме за елементарните услови на Чаир,“ изјави првиот вицепремиер, Изет Меџити.

Во една друга јасна порака, Меџити ги увери жителите на Дуќанџик дека неговите дела не зависат од изборите, најавувајќи инвестиции за оваа населба и за целиот Чаир.

„Ние зборуваме за фактот дека од министерството кое го водам јас, издвоив 2 милиони евра и прашање на ден е кога ќе започне проектот со кој сите улици и улички во Дуќанџик ќе добијат водовод, канализација и атмосферска мрежа со цел веќе да не ве боли главата секогаш кога врне дожд да се грижите како ќе заврши. Ова не е дека ќе се направи ако ме гласате, ова ќе се направи, без разлика на изборите, значи 2 милиони евра за Дуќанџик, 2 милиони евра за Саат Кула, таму од времето на Тито не е направено ништо, не дека не сме сакале туку затоа што немало влада што ги поддржувала општините во вакви проекти,“ изјави Меџити пред жителите на Дуќанџик.

Според Меџити, пораката е јасна, Чаир има потреба од луѓе кои работат за граѓаните, а не од политичари кои зборуваат за галаксии и сателити. Повикот на ВЛЕН до чаирчани е да изберат алтернатива која носи конкретна работа и видливи проекти.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ФОТО: Љубов, емоции, семејство – 27 години ги фотографирала родителите како и мавтаат кога си заминува, приказна која мора да ја знаете

Следно

Гугл ќе плати отштета од 425,7 милиони долари за шпионирање на паметни телефони

Latest from Blog

Правните лица „Класик ДМ“ и „ММММ“ ја плаќале фирмарината за „Пулс“

На денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, Дејан Рашков, раководител на општинскиот Сектор за финансии, изјави дека уплатите за лиценца и фирмарија не биле извршени директно од дискотеката, туку преку

Судење за „Пулс“: Општината алармирала за несоодветна намена на објектот

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, сведокот Драги Илиевски изјави дека Општина Кочани реагирала за намената на објектот и побарала да се спречи негово користење како дискотека. Тој појасни дека објектот се

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина
Go toTop