Меџити: Насмевките на децата од Топана ја оправдуваат секоја вложена енергија

September 24, 2025
1 min read

Првиот вицепремиер и министер за животна средина, Изет Меџити, кој е и кандидат за градоначалник на општина Чаир, изјави дека средбата со децата во населба Топана била едно од најубавите искуства.

„Лагјата беше полна со деца, а нивните гласови и игри создаваа радост и оптимизам. Во нивната невиност и чистота се крие и причината за секој наш труд, секоја жртва и секоја вложена енергија“, рече Меџити.

 

Тој нагласи дека токму децата се мотивот за градење нови градинки, обновување на постојните училишта и изградба на нови, модерни училишта, меѓу кои и специјалното училиште „Иднина“ за деца со посебни потреби.

„Како родител и како кандидат за градоначалник, децата се најсилната причина за да работиме без престан. Секој чекор и секоја работа во Чаир е ветување што го исполнуваме, а денешните насмевки на децата потврдија дека сме на вистинскиот пат“, изјави Меџити.

Тој додаде дека општина Чаир ќе продолжи со развојот за иднината на децата и за благосостојбата на сите семејства.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Средба на Коњановски со заменичката амбасадор на Австралија во Битола

Следно

Алиу: Раководството има визија за долгорочно унапредување на Здравствениот дом, ќе ги разгледаме можностите за воведување ургентна стоматологија

Latest from Blog

Стотици муслимани упаднаа во христијански град во Сирија и направија пустош (ВИДЕО)

Нападите во претежно христијанскиот град Сукајлабија во покраината Хама се најновите во серијата напади насочени кон припадници на христијанското малцинство во Сирија. Многу христијани ја напуштија земјата од почетокот на конфликтот пред

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,
Go toTop