Меџити најави историски инвестиции во инфраструктура, образование и екологија во Чаир

October 17, 2025
1 min read

Кандидатот за градоначалник на Општина Чаир од коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, на завршниот настан од изборната кампања пред локалните избори на 19 октомври, ја презентира својата целосна програма за развој на општината, нагласувајќи дека „Чаир веќе ја започна новата ера на развој“.

Во своето обраќање, Меџити истакна дека неговата визија за Чаир се темели на модерна инфраструктура, квалитетно образование, заштита на животната средина, социјална инклузија и економско зајакнување на граѓаните.

„Чаир се менува секојдневно со дела, работа и јасна визија за развој. Со доаѓањето во Владата започнавме нова епоха на инвестиции. Му го вративме достоинството на Чаир и го претвораме во современа и функционална општина“, изјави Меџити.

Во неговата програма се предвидени бројни капитални проекти: проширување на булеварите „Цветан Димов“ и „Митхат Фрашери“, изградба на нови локални улици, тротоари, осветлување и канализација, како и изградба на подземен паркинг со 800 места во центарот на градот.

Посебен акцент е ставен на еколошките и образовните проекти, меѓу кои „Мега Парк Чаир“, новите основни училишта „Митхат Фрашери“ и „Victory“, како и изградбата на спортски сали и две нови детски градинки. Меџити најави и целосно финансирање на униформите за учениците и бесплатни оброци за децата од социјално ранливи семејства.

Во делот на културата, предвидена е реконструкција и дигитализација на Старата чаршија, преку проектите „Портата на културата – Звуците на чаршијата“ и „Дигитална чаршија“, со цел да се спои традицијата со современата технологија и да се поттикне туризмот.

Меџити истакна дека во Чаир се реализираат и бројни економски иницијативи, како формирање на Центар за младинско претприемништво и иновации „HUB Чаир“, локален иновациски фонд и програма за поддршка на жените претприемачки.

„Чаир е нашиот дом. Заедно, со работа, посветеност и љубов кон овој град, ќе го направиме Чаир шампион на развојот, гордоста и победата“, порача Меџити, изразувајќи благодарност до граѓаните за довербата и поддршката во текот на кампањата.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Американците комбинираат НБА и фудбал: Лука Дончиќ е амбасадор на ФИФА

Следно

Комерцијална банка, Макпетрол и Алкалоид со најголем дневен промет

Latest from Blog

„Охридско лето“ со три бесплатни концерти надвор од фестивалската сезона

„Охридско лето“ ја продолжува концертната програма и по завршувањето на летната фестивалска сезона. Националната установа најави три бесплатни концерти со меѓународни уметници – два во Скопје и еден во Охрид. Првиот концерт

Божиновска: Енергетската безбедност е неопходност, Македонија работи на нови правци за снабдување

Изградбата на гасниот интерконектор со Грција напредува, а завршувањето на македонската делница се очекува до средината на 2027 година. Поврзувањето со Србија е планирано за 2028 година, соопшти министерката за енергетика, рударство

Од каде доаѓа млекото за Млекара „Здравје“

Најголемиот дел од суровото млеко за Млекара „Здравје“ доаѓа од фармата на ЗК „Пелагонија“, а дел се откупува и од сточари во пелагониските и потпелистерските села. Зад млекото што пристигнува во млекарницата

Меџити: Со три компании од Боговиње разговаравме за условите за нови инвестиции

Копретседателот на ВЛЕН и градоначалник на Општина Чаир, Изет Меџити, посети три компании во Општина Боговиње, каде што со нивните раководства разговараше за предизвиците во производството и за условите што им се

556 пензионери без картички подигнаа средства од „Алта банка“ во Битола

Вкупно 556 пензионери со платежни сметки во „АЛТА банка“ АД Битола, кои немаат платежни картички, подигнале средства на шалтерите во битолската филијала на 5 ноември, соопшти Народната банка. Првично биле планирани околу
Go toTop