Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, заедно со министерот Мухамет Хоџа, денеска ја посетија Дижон за да го видат прогресот на големиот инфраструктурен проект во населбата.
Проектот опфаќа 18 улици и се наоѓа во финална фаза на реализација, со цел целосна трансформација на локалната инфраструктура и подобрување на стандардот на живот.
Реализирано е целосно поставување на канализационата мрежа во сите улици и споредни гранки, додека водоводната мрежа е завршена повеќе од 70%. По целосното завршување, ќе следува технички прием од страна на ЈП „Водовод и Канализација“.
Финалната фаза предвидува асфалтирање на сите улици, со што Дижон ќе добие модерна, уредна и безбедна инфраструктура за жителите.
„Ова се видливи инвестиции кои покажуваат дека политиката што работи го менува Чаир. Со завршувањето на овој проект, целата населба ќе добие нов стандард на живот и уреден изглед“, истакна Меџити.

