Меџити на координативен состанок за справување со линданот во ОХИС: „Останува уште многу работа за отстранување на опасниот отпад“

May 30, 2025
1 min read

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денеска предводеше координативен состанок со претставници на Канцеларијата на Обединети Нации за проектни услуги (УНОПС), како и домашни и меѓународни експерти. На состанокот се разгледаа тековните активности за ископување и резултатите од последните истражувања за преостанатите количини на линдан отпад во малата депонија во кругот на поранешниот комплекс ОХИС.

Главната цел на дискусиите беше разгледување и усогласување на можните решенија и стратегии за целосно завршување на ремедијацијата на оваа контаминирана локација.

Министерот Меџити истакна дека Министерството за животна средина и просторно планирање, заедно со Владата, остануваат посветени на имплементацијата на одржливи и ефективни решенија, како и обезбедување на потребните финансиски средства за надминување на овој долготраен и комплексен еколошки проблем кој ги засега жителите на Скопје и пошироката околина.

„Овој предизвик не е само одговорност на Министерството или Владата, туку на целата држава. Иако процесот на чистење е веќе започнат, останува уште многу работа за целосно отстранување на опасниот историски отпад“, потенцираше Меџити. Тој нагласи дека ова наследено загадување сериозно влијае врз здравјето на граѓаните, како и на квалитетот на воздухот, почвата и водата.

Министерот подвлече дека целосната санација и обнова на поранешната локација на хемиската индустрија ОХИС претставува не само техничка, туку и морална и институционална обврска кон сегашните и идните генерации.

Процесот на чистење на малата депонија со линдан е сложен и финансиски интензивен проект, кој се реализира со поддршка од Мулти-партнерскиот еколошки фонд.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Дина Јашари го објави својот деби-албум „Растенија без корен“

Следно

Мосад ја финансира Фондацијата за хуманитарна помош во Газа со цел раселување на Палестинците

Latest from Blog

Спалети: Ни недостасува зрелост во играта

Екипата на Јувентус синоќа направи нок кикс во домашниот Серија А шампионат, откако одигра на домашен терен само 1:1, против екипата на Сасуоло. Иако поведе на време уште во 14. минута преку

Николоски: Прво туристичко вештачко езеро за Штип и источниот регион

Штип и источниот дел на Македонија ќе добијат прво туристичко вештачко езеро, кое се очекува да биде завршено до 2027 година, пред предвидениот рок, истакна Александар Николоски. Изградбата на браната на реката

Битола веќе на терен – инфраструктурни проекти пред официјалната градежна сезона

Општина Битола објави промотивно видео со кое ја најавува засилената градежна активност, уште пред официјалниот старт на пролетната сезона. Од општината посочуваат дека иако градежната сезона традиционално се поврзува со потоплите пролетни

Коњановски со честитка за Кркрдаш: Да ги негуваме обичаите и заедништвото

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод празникот Св. 40 Маченици – Кркрдаш, истакнувајќи дека овој ден претставува важен дел од културното и духовното наследство на градот. „Кркрдаш е
Go toTop