Меџити на Канал 5: Данела Арсовска води националистичка и антиалбанска кампања со помош на Блерим Беџети

July 21, 2025
1 min read

Првиот заменик-претседател на Владата и лидер на коалицијата ВЛЕН, Изет Меџити, ја обвини градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, дека спроведува намерна националистичка и антиалбанска кампања. Во интервју со новинарот Александар Видиновски на Канал 5, Меџити истакна дека последните постапки на Арсовска имаат за цел стигматизација на Албанците и се спроведуваат со помош на пратеникот на ДУИ, Блерим Беџети.

„Ја потсетувам градоначалничката Арсовска дека нејзините еднострани настапи само во Чаир и прикажувањето на бесправната градба само во овој дел од градот оставаат голем простор за сомнежи околу нејзините намери,“ изјави Меџити.

Тој додаде дека Чаир е само шеста општина по бројот на бесправни градби во Скопје и дека, доколку навистина загриженоста на Арсовска беше искрена, таа ќе преземеше активности и во другите проблематични општини, како Сарај, каде според Меџити, контролата ја има токму нејзиниот политички партнер, Блерим Беџети.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

24 интервју со професорот Узунов: По кој модел треба да се зголемат пензиите – линерно или процентуално?

Следно

Меџити за Ахмети: Нема луѓе за овие локални избори, од 15 општини, 8 ги даде на Алијансите!

Latest from Blog

Димитриеска-Кочоска: Нашиот фокус останува стабилен буџет и редовно сервисирање на обврските

20 март 2026 година, Скопје- Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во вчерашното интервју за Дневникот на Македонска радио-телевизија истакна дека во услови на глобална неизвесност се можни одредени корекции на буџетските проекции,

ЈКП Комуналец – Прилеп: Големиот пожар во Алинци целосно изгаснат по интензивна акција

Пожарот на депонијата во Алинци, кој се сметаше за еден од најголемите предизвикани од непознат сторител, е целосно изгаснат. Во текот на три дена, вработените од ТППЕ Прилеп, ЈКП Комуналец, Дирекцијата за

Божиновска и KfW разговараа за проекти кои ја зајакнуваат енергетската независност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, оствари средба со новата раководителка на одделот за енергетика за Европа и Кавказ во KfW, Бабет Штајн вон Камиенски. KfW е еден од
Go toTop