Меџити на Безбедносниот форум во Вашингтон: Северна Македонија, доверлив партнер на САД

February 6, 2025
1 min read

Во рамки на официјалната посета на Вашингтон, првиот потпретседател на Владата Изет Меџити учествуваше на Меѓупарламентарниот безбедносен форум што го организираа конгресмените Пит Сешнс и Роберт Адерхолт.

На овој форум се разговараше за безбедносни прашања за Западен Балкан и за Европската Унија, со фокус на потребата од зајакнување на одбранбените институции и зголемен ангажман на земјите од регионот во НАТО.

Во својот говор пред учесниците на Меѓупарламентарниот безбедносен форум, Меџити истакна дека поддршката на Соединетите Американски Држави за одбранбениот сектор на Западен Балкан, по кризата предизвикана од војната во Украина, била и останува клучна.

„Северна Македонија ќе продолжи да придонесува за глобалниот мир и безбедност, како одговорен актер и извор на извоз на регионалниот мир“, истакна првиот вицепремиер Изет Меџити.Инаку, на овој форум учествуваа и претседателката на Косово, Вјоса Османи и претседателот на Украина, Володимир Зеленски, кои ги споделија своите искуства во безбедносните предизвици.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

CINEDAYS распиша конкурс за кратки филмови

Следно

Крај за корумпирани чувари и затворски мобилари – „Наткаст“ со Александар Пандов и Љупчо Цветановски во 20 часот на Курир

Latest from Blog

Б.Б. ОД ОХРИД ЌЕ ВОЗИ МЕРЦЕДЕС АМГ, ОСВОЕНИОТ ПРЕМИУМ ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА

Б. Б. од Охрид конечно пристигна во Видеолотарија Касинос Австрија. Тој е среќниот играч кој на 07.06.2025 ја освои најпосакуваната добивка, Премиум џекпотот и ќе го вози фантастичниот МЕРЦЕДЕС АМГ. Во Видеолотарија Касинос Австрија

Експлозии одекнаа во два сириски крајбрежни града по пожар во поранешен воен објект

ИСТАНБУЛ (АА) – Експлозии одекнаа утринава во крајбрежните градови Џабле и Бањас во Сирија, објави државната новинска агенција САНА, јавува Анадолу. Облак од чад беше видлив во селото Џабле по пожарот во
Go toTop