Меџити: Каналот и детската градинка во Ченто стануваат реалност

February 23, 2025
1 min read

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска заедно со претседателот на Собранието Африм Гаши, министерот за социјална работа, демографија и млади Фатмир Лимани и градоначалникот на општина Гази Баба, Бобан Стефковски, беше во посета на скопската населба Ченто каде најави наскоро започнување на два капитални проекти, информираат од МЖСПП.

-Ветување неисполнето со години од минатите влади сега станува реалност! Хасанбег конечно ќе ги добие атмосферскиот канал и државната детска градинка кои одамна беа ветени, но никогаш реализирани, изјавил Меџити.

Тој додал дека страшните поплави во 2016 година однесоа 23 животи и уништија домови, земјишта и бизниси.

-Но, тогашната влада не ги презеде неопходните мерки за да спречат слични трагедии во иднина. Недостатокот на соодветна дренажа беше еден од главните фактори за катастрофалните штети. Сега, оваа грешка ќе биде исправена, рекол Меџити.

Тој најавил дека оваа значајна инвестиција, вредна 38 милиони денари, ќе овозможи изградба на канал во должина од 1.350 метри и ширина од 4 до 10 метри, во зависност од близината на куќите.

-Овој проект не е само инфраструктурна интервенција, туку посветеност на безбедноста, животот и достоинството на жителите на Хасанбег, изјавил првиот вицепремиер Меџити.

Проектот ќе се реализира со поддршка на Министерството за животна средина и просторно планирање, во соработка со општина Гази Баба, со што ќе се означи важен чекор кон правдата и безбедноста за жителите од овој крај.

Вицепремиерот Меџити потенцирал и дека истовремено се исполнува уште една долгогодишна потреба за изградбата на детска градинка во Хасанбег.

-Родителите од оваа населба со години се соочуваат со недостаток на дневен центар во близина на нивните домови, што ги принудува да најдат тешки решенија за згрижување деца. Сега овој предизвик ќе заврши. За децата ќе се изгради модерна, безбедна и пријатна средина, каде што ќе добијат соодветна грижа, додека родителите ќе имаат поголема удобност, а децата ќе имаат поголема сигурност во секојдневниот живот, нагласил Меџити при посетата на скопската населба Ченто.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зеленски: Подготвен сум да поднесам оставка ако тоа донесе мир во Украина или членство во НАТО

Следно

До вторник услови за слаб дожд и снег на планините

Latest from Blog

Андоновски: Со електронската архива старите практики на чување предмети во фиока заминуваат во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување

Андоновски: Со електронската архива чувањето на предмети во фиока заминува во историја

Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во вечерашното гостување на Телевизија Алфа, во емисијата „За или против“, говореше за придобивките од Националниот документ менаџмент систем (еДМС) кои се исклучително важни во зголемување
Go toTop