Меџити: Интерконекторот со Грција е темел за одржлива енергетска иднина

July 9, 2025
1 min read

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска присуствуваше и се обрати на церемонијата за започнување на изградбата на гасниот интерконектор со Грција, стратешки проект за енергетската сигурност и регионалната интеграција на Република Северна Македонија.

Во присуство на претставници од Владата на Република Северна Македонија, делегација од Република Грција, меѓународни партнери и граѓани, на  одбележувањето на почетокот на изградбата на гасниот интерконектор со Грција, Меџити истакна дека интерконекторот не претставува само инфраструктурна инвестиција, туку симболизира почеток на ново поглавје за Северна Македонија – поглавје на посигурна, поздрава и поодговорна иднина.

„Со изградбата на овој интерконектор, Северна Македонија испраќа јасна порака дека знае каде оди, со кого се поврзува и каква иднина гради. Ова е инвестиција со реални еколошки придобивки – достапноста до природен гас ќе овозможи заменa на најзагадувачките енергенси, како што се дрвата, мазутот и јагленот, особено во општините каде тие и понатаму се користат,“ истакна првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити на настанот.

Со овој проект се овозможува намалување на ПМ-честичките во воздухот,подобрување на јавниот здравствен систем, пониски енергетски трошоци за граѓаните и стопанството и поголема енергетска стабилност на национално и регионално ниво, додаде Меџити.

‘Овој интерконектор е дел од поширока визија што ја води Северна Македонија – визија за современа, интегрирана и отворена држава, која е активен чинител на регионалната стабилност и развој. Истата визија стои зад реализацијата на стратешки проекти како Коридорот 8’,  изјави Меџити.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Спиропали: Усвоената резолуција од ЕП за Албанија вреднување на напредокот на патот кон ЕУ

Следно

Израелската армија започна „специјални и насочени“ операции во Јужен Либан и покрај прекинот на огнот

Latest from Blog

НОВИ ДЕТАЛИ за системот „БЕЗБЕДЕН ГРАД“: Како функционира и што може да регистрира?!

Почетокот на примена на системот „Безбеден град“, на патиштата означува нов начин на сообраќајна контрола, којшто се темели на стационарни радарско-видео камери со висока техничка прецизност. Иако во јавноста фокусот беше на

Фирмата во Скопје, на уапсениот Србин за 5 тони марихуана, работела со загуби, а одгледувала канабис за медицински цели

Иван Драгниќ, еден од српските државјанин, кој беше уапсен во голема полициска акција во Србија, за пет тони марихуана, а за кои сомнежот е дека е внесена од Македонија, има фирма во

По смртта на тинејџерот бројот на жртви во пожарот во Швајцарија се искачи на 41

Почина осумнаесетгодишно момче кое беше повредено во пожарот во барот во Кран-Монтана, соопшти денеска швајцарската новинска агенција Keystone-SDA, повикувајќи се на обвинителството. Младиот швајцарски државјанин починал во болница во Цирих. Со неговата

До 5 февруари пријавување за субвенциониран студентски оброк

Министерството за образование и наука ги информира студентите дека рокот за пријавување за правото на субвенциониран студентски оброк за академската 2025/2026 година трае од денеска до 5 февруари 2026. -Правото на субвенциониран
Go toTop