Меџити го повика Османи на дуел: Донеси го и Ахмети, и Груби, и целата ПР машинерија

October 10, 2025
1 min read

На митингот на коалицијата ВЛЕН за локалните избори во општина Арачиново, еден од лидерите на коалицијата и кандидат за градоначалник на општина Чаир, Изет Меџити, одговори на изјавите на неговиот противкандидат Бујар Османи, повторно повикувајќи го на јавно соочување пред граѓаните.

Меџити дополнително истакна дека неговиот политички противник, откако видел дека губи терен, се обидува со задоцнето глумење да создаде лажен впечаток.

„Толку се контрадикторни и не знаат што зборуваат. На почетокот на кампањата јавно го повикав мојот противкандидат да излеземе на телевизиски дуел, да се соочиме, затоа што ВЛЕН донесе конкуренција меѓу Албанците, конкуренција на албанската политичка сцена, конкуренција во идеи, во програми. Нека биде тоа политичка трка, кој ќе направи повеќе за Арачиново, кој ќе направи повеќе за Чаир, за нашите општини. А неговиот одговор беше: Јас ќе излезам на дуел со Мицкоски, не со овие! А вчера и завчера го слушнав, откако виде дека ја губи битката и нема што повеќе да изгуби, отиде и глумеше пред МРТВ, „Еве дојдов, Изет не дојде“. Му одговорив и писмено, но ќе го искористам и оваа место, Арачиново, непокорената тврдина, за да му порачам: Бујар, избери го местото, избери го медиумот, сам, заедно со Али Ахмети, со Артан Груби, со твојот тим, со ПР агенциите што ги имаш, ајде во кој сакаш медиум, на мегдан, на плоштад, каде што сакаш, таму ќе дојдам. Ќе ги соочиме нашите политички аргументи, нашите идеи, нашите проекти, нашата програма, нашата визија,“ изјави првиот вицепремиер Изет Меџити, воедно и кандидат на ВЛЕН за градоначалник на општина Чаир.

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

VERO marketi

Претходно

НАЈГОЛЕМИОТ СООБРАЌАЕН МЕТЕЖ НА СИТЕ ВРЕМИЊА? Возила заглавени на патарина во 36 колони повеќе од 24 часа

Следно

Ѓорѓиевски: Скопје ќе стане симбол на развој и европски стандарди

Latest from Blog

Собраниските комисии дадоа поддршка на Предлог-законот за парничната постапка во второ читање

Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и Законодавно-правната комисија денеска дадоа поддршка на Предлог-законот за парничната постапка во второ читање, со што беше направен значаен чекор во процесот на усвојување

Ведат Муриќи се врати во Фенербахче

Интернационалецот од Косово, 32. годишниот Ведат Муриќи е нов играч на екипата на Фенербахче во трансфер вреден 15.5 милиони евра. Сума која што турскиот гигант ја плати на Мајорка, екипата за која

Трамп: Мораме да го вразумиме Нетанјаху

Опишувајќи го нивниот однос како „добар“, Трамп рече дека може да ги контролира израелските воени активности во Либан затоа што тамошните службеници прават што тој им кажува. Израел инсистира на контрола на

Пожар избувна кај ПМФ и парк-шумата Гази Баба

Попладнево пожар избувнал во близина на парк шумата Гази Баба, во близина на Природно-математичкиот факултет во Скопје. Според директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, гори сува трева, а екипите се на терен и
Go toTop