Меџити го дисциплинира Таравари зашто кокетирал со Ахмети

April 17, 2025
1 min read

Одлуката за настап со одделни советнички листи за советници на Алијанса за Албанците предводена од Арбен Таравари е донесена во интерес на ДУИ чија суштина јавноста многу бргу ќе ја разбере, изјави денеска претседателот на Демократското движење и вицепремиер во Владата Изет Меџити, по состанокот на лидерите и високи функционери коалицијата Вреди.

Вреди не го исклучила од коалицијата Таравари, туку тој, според Меџити, се самоисклучил. Вели дека оваа постапка на Таравари значи и проблем во Владата, но засега нема одговор дали ќе бараат негово разрешување од министерската функција во здравство.

Ако Таравари јавно кокетира со Ахмети, и тоа не го крие, го доведува во прашање целото функционирање на Владата зашто какво ќе биде тоа ако тој има врски со ДУИ. Ова создава загриженост и треба да се расчисти, изјави Орхан Муртезани, министер за европски прашања и претставник на коалицијата Вреди (Влен) од партијата Алтернатива. 

Според него, изјавата на Арбен Таравари дека Владата не испорачувала доволно е само „барање алиби за да соработува со ДУИ“, а изјавата дека „Гостивар е тешко победлива општина со Вреди“, како што рече, значи дека може да ја освои со ДУИ.

– Во тоа е суштината. Се открива планот за одење во скутот на Ахмети, а тоа го прави со обвинување на довчерашните партнери. За да има алиби, мора да ја напаѓа коалицијата и Владата, а со тоа се напаѓа и себеси. Несериозни се обвинувањата дека не испорачува доволно, а да биде дел од Владата. Ако смета дека тој сам не вложува доволно, нека оди во опозиција. Нема логика ако опцијата е да оди со ДУИ „за да ги бива“, рече Муртезани. 

Вреди бара извинување од Таравари кон 107 илјади гласачи за оваа негова постапка бидејќи не останал до крај доследен на ветувањата за борба против корупција, промени во албанскиот кампус и промена во системот.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Северна Кореја ги критикува САД за испраќање стратешки бомбардери во Јужна Кореја

Следно

МОЌНАТА „ЦРНО СЕМЕ“ НА БИТОЛСКИОТ ТЕАТАР ЈА ТРОГНА И РАСПЛАКА ПУБЛИКАТА

Latest from Blog

Нови гнасотилаци од лабораторијата на лаги на Сашка Цветковска

Во својата последна видео-сторија под наслов „Цената на правдата“, во која се зборува за наводни злоупотреби на вишите јавни обвинители Мустафа Хајрулахи и Јове Цветановски, ИРЛ и уредничката Сашка Цветковска пласираат шпекулација

Пресврт со серискиот убиец од Њујорк: Подготвен е да ги признае своите ужасни злосторства- убил 7 жени (ФОТО)

Според извор на NBC News запознаен со случајот, се очекува тој да се изјасни за виновен за сериските убиства на 8 април. Судските записи покажуваат дека рочиштето е закажано за тој ден.

Се огласија од Министерството за здравство: Нема недостиг на лекови за ретки болести

Од Министерството за здравство тврдат дека нема недостиг на лекови за ретки болести, односно оти непречено и во континуитет овие лица ја примаат потребната терапија. -До Министерството за здравство нема реакција од
Go toTop