Меџити: Гасификацијата ќе го ублажи загадувањето за 50 до 70 %

February 26, 2025
1 min read

Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денес ги прими претставниците на граѓанските организации: Центар за климатски промени, Милиеуконтакт Македонија, Еко-свест, Македонско еколошко друштво и Македонско здружение на млади правници што работат на полето на заштита и унапредување со животна средина и климатски промени.

На состанокот, министерот Меџите ги информираше за плановите и приоритетите на Министерството за животна средина и просторно планирање, но и на Владата за следниот период, како и за можните начини и области за соработка. Меџити пред невладините еколошки здруженија изјави дека е отворен за соработка на сите полиња и секоја добра идеја која доаѓа од нивна страна е добредојдена.

Министерот за животна средина и просторно планирање Меџити рече дека веќе се познати причините на загадувањето и дека се работи на решенијата.

‘Работиме во правец на изградба на регионални центри за депонирање на отпад, со турска фирма разговараме за постепена гасификација на целата држава, што би придонело на намалувањена загаденоста од 50 до 70 отсто, проект вреден 1 милиарда евра, доделуваме нови 250 милиони евра за општините од кои многу се еколошки проекти, работиме на набавка на електрични автобуси, на менување на такси-возилата со електрични и многу други проекти’, изјави Меџити.

Од друга страна, претставниците на граѓанскиот сектор ја искористија оваа прилика да ја претстават својата работа и областите од интерес.

Заеднички беше ставот помеѓу институцијата и невладините организации постои добрата соработка која и понатаму ќе продолжи да се развива и унапредува.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Врие пазарот од мед за „мераклии“! – Инспекторатот спие, чекаат приговори и поплаки

Следно

Хамас соопшти дека вечерва ќе предаде тела на уште четворица израелски заложници

Latest from Blog

Почнува проектот Forest Fire Struga, финансиран во рамки на Механизмот за цивилна заштита на Европската Унија

Почетен настан од проектот Forest Fire Struga (FFS) ќе биде организиран денеска во Скопје, соопшти Дирекцијата за заштита и спасување која е координатор на проектот. -Проектот Forest Fire Struga (FFS) е финансиран

САД испраќа засилување на Блискиот Исток- пристигнуваат специјалци за воздушен десант

Пентагон веројатно ќе испрати неколку илјади војници од елитната 82-ра воздушно-десантна дивизија на Армијата на Соединетите Американски Држави на Блискиот Исток, објави денес Ројтерс, повикувајќи се на два неименувани извори. Изворите не
Go toTop