Меџити: Бошњачката заедница е пример за интеграција и општествена кохезија

September 28, 2025
1 min read

Со посебна почит, кандидатот за градоначалник на Чаир и министер за животна средина, Изет Меџити, учествуваше на манифестацијата по повод 28 септември – Денот на Бошњаците, ден кој ја потсетува јавноста на историјата, идентитетот и значајниот придонес на оваа заедница во нашата земја.

Меџити истакна дека Бошњаците имаат незаменлива улога во градењето на мултиетничкото општество, особено во општина Чаир, каде што секојдневното заедничко живеење и соработка меѓу заедниците претставуваат природен дел од заедничкиот живот. Тој нагласи дека токму ова претставува пример кој ја зајакнува социјалната кохезија и обврска да се негува и развива и во иднина.

„Придонесот на бошњачката заедница во културата, образованието, економијата и општествениот живот е видлив и вреден. Тие вредности ја збогатуваат нашата заедничка граѓанска иднина,“ рече Меџити.

На крајот, тој упати најдобри желби до припадниците на бошњачката заедница, нагласувајќи дека почитта, разбирањето и солидарноста секогаш ќе бидат мостови што не поврзуваат кон поодржлива и поправедна иднина за сите.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Меџити до Ахмети: Си ја заврши својата политичка кариера

Следно

Бетис со рутински триумф, Пелегрини со рекорд!

Latest from Blog

Коњановски: Младите се движечка сила на крводарителството во Битола

Битола – Денеска градоначалникот Тони Коњановски ја посети крводарителската акција организирана по повод 17 Март, Денот на крводарителството во Република Македонија и Денот на основањето на Црвениот крст во Македонија. Настанот се

Во ОАЕ уапсени 45 лица поради ширење лажни информации за конфликтот на Блискиот Исток

Помеѓу уапсени има и странски државјани. Уапсените се товарат за „снимање на разни локации за време на тековните настани и нивно објавување на социјалните мрежи“. Тие се осомничени и за „ширење неточни

Муцунски: Благодарение на брзата комуникација со нашите партнери, активирањето на Европскиот механизам за цивилна заштита и подготвеноста на многу држави да помогнат, нашите пациенти добија медицинска грижа во болници ширум Европа

Во деновите кога одбележуваме една година од трагичниот пожар во Кочани, утрово се обратив на отворањето на меѓународната конференција во Скопје посветена на клиничките аспекти по пожарот. Истакнав дека трагедијата нè потсети
Go toTop