Меџити: 5 милиони денари за чистење на депонијата во Никуштак

August 25, 2025
1 min read

Министерството за животна средина и просторно планирање денес ја започна акцијата за санација на дивата депонија во селото Никуштак, општина Липково.

Оваа депонија, идентификувана како една од најопасните во Националниот план за управување со отпад, претставува сериозна закана за здравјето и животната средина, како за жителите на Липково, така и за соседните општини. Честите пожари и постојаното загадување се голема загриженост за граѓаните од регионот.

Од Буџетот за 2025 година за овој проект се обезбедени околу 5 милиони денари, како и механичка опрема за безбедно управување со отпад. По завршувањето на техничките подготовки, денес започнаа градежните работи на терен.

Меџити рече дека санацијата на оваа депонија е голем чекор кон заштита на здравјето на граѓаните и подобрување на условите за живот во општина Ликовo и околниот регион. Тој нагласи дека нема повеќе време за чекање и дека институциите имаат обврска конкретно да дејствуваат на терен.

Оваа акција претставува важен чекор во напорите за подобрување на животната средина и заштита на здравјето на граѓаните на Липково и целиот регион.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ДРЖАВНА ЛОТАРИЈА – ВО ПОДДРШКА НА КУЛТУРАТА И ОПШТЕСТВЕНИОТ РАЗВОЈ

Следно

На социјалните мрежи се шири видео од романтичен момент на еден распеан пар во Сараево

Latest from Blog

Еспањол ја покори Баскија!

ФОТО: RCD Espanyol de Barcelona/FB Еспањол ја покори Баскија, го освои Билбао. Фудбалерите на Еспањол вечерва победија на гостувањето кај Атлетик Билбао со 2:1, во натпреварот од 17-то коло на шпанската Примера.

Утре се празнува Преподобна Ангелина-заштитничка на семејството, мајките и жените

Преподобна Ангелина била сопруга на светиот деспот Стефан Бранковиќ и мајка на светите Јован и Максим. Таа е позната како пример на христијанска трпеливост, смирение и длабока вера. По смртта на сопругот,

Ахмети живее во фолклорот од пред 20 години, вели Муцунски за барањето за избор на Влада со „Бадентер“

Али Ахмети уште живее во фолклорот од времето кога првпат има земено учество во владата од 2002 година. Поминати се многу години, повеќе од 20 од времињата во коишто е заглавена неговата
Go toTop