МБИ10 со благ пад од 0,14%,се тргуваше со обврзниците за денационализација (РМДЕН22 и РМДЕН23)

January 10, 2026
1 min read

Изготвено од Илирика Инвестмент АД Скопје врз основа на официјалните податоци од Македонска берза.

Во текот на трговската недела од 05 до 09 јануари 2026 година, индексот МБИ10 оствари благ пад од 0,14%.
Вкупниот промет на Официјалниот пазар изнесуваше 43,25 милиони денари, но со вклучување на блок трансакцијата реализирана со акциите на Комерцијална банка, вкупниот промет на берзата достигна 92,07 милиони денари.
Најактивни беа Комерцијална банка, Алкалоид и Макпетрол, кои остварија најголем удел во редовниот промет, додека значајна активност беше забележана и кај НЛБ Банка и Реплек.

Најтргувани хартии од вредност
Комерцијална банка АД Скопје (KMB) – 16.322.197 денари
Алкалоид АД Скопје (ALK) – 8.857.790 денари
Макпетрол АД Скопје (MPT) – 7.199.001 денари
НЛБ Банка АД Скопје (NLB) – 3.378.096 денари
Реплек АД Скопје (REPL) – 2.596.440 денари

Топ добитници
Универзална Инвестициона Банка (UNI) +0,67%
Алкалоид АД Скопје (ALK) +0,40%
Комерцијална банка АД Скопје (KMB) +0,38%

Топ губитници
Макпетрол АД Скопје (MPT) -0,89%
НЛБ Банка АД Скопје (NLB) -0,53%
Стопанска банка АД Скопје (STB) -0,04%

Обврзнички пазар
За разлика од претходниот период, на обврзничкиот пазар беа реализирани трансакции. Се тргуваше со обврзници за денационализација (РМДЕН22 и РМДЕН23), при што вкупниот промет со државни обврзници изнесуваше приближно 860.000 денари.

Во неделата од 05 до 09 јануари 2026 година, тргувањето на Македонската берза се одвиваше со зголемена активност благодарение на блок трансакцијата со Комерцијална банка. Вкупниот промет надмина 92 милиони денари. Комерцијална банка доминираше и во редовното и во блок тргувањето, додека индексот МБИ10 забележа благ пад. Фармацевтскиот сектор преку Алкалоид и Реплек задржа стабилен обем на тргување.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ракот ќе се соочи со минатите избори, Лавот да ја зачува смиреноста

Следно

Австралија: Повеќе од 250 пожари избувнаа во последните 24 часа, 19.000 корисници останаа без електрична енергија

Latest from Blog

Пратениците ќе расправаат за законски измени за платите на функционерите, судиите, обвинителите

Собранието денеска треба да ја одржи 89 седница. На дневен ред на седницата се предлогот за именување на претседател и членови на Регулаторната комисија за домување, предлог одлуките за објавување јавен оглас

МАКЕДОНИЈА ГЛАСАШЕ ЗА: Усвоена резолуција која повикува на мир во Украина

Генералното собрание на Обединети нации денеска усвои резолуција, со која се повикува на сеопфатен, праведен и траен мир во Украина. Резолуцијата ја поднесе Украина со повеќе од 45 држави коспонзори, а усвоена

Му рекол на семејството дека ќе го има на вести, па со автомобил полн со експлозив се забил во електрана- ФБИ истражува тероризам

Потоа со автомобил полн со експлозив влегол во електрана во Невада, чин што се третира како терористички напад, соопштија властите. Полициската станица во Боулдер Сити (BCPD) добила повик околу 10 часот наутро

Блокада во Албанија ја парализираше границата со Македонија, триесетина камиони заглавени на Ќафасан

Блокадата на патниот правец  Либражд – Прењас поради големо свлечиште продолжува да создава сериозни проблеми во сообраќајот кон југоисточна Албанија, парализирајќи го и граничниот сообраќај со Македонија. – Поради уништување на дел
Go toTop