Мбапе ќе потпише 5-годишен договор со Реал, ќе зема 15 милиони евра годишно плата

May 17, 2024
1 min read

Напаѓачот Килијан Мбапе се согласил на значително намалување на платата при неговото преселување од ПСЖ во Реал Мадрид, тврди Скај Спортс. Се очекува 25-годишниот Французин да потпише петгодишен договор со Шпанците за плата од 15 милиони евра по оданочување.

Играчот ќе добие и 150 милиони евра како бонус за потпишување.

Според Скај Спортс, платата на Мбапе во ПСЖ во сезоната 2023/24 изнесувала 75 милиони евра годишно. Фудбалерот доби и 30 милиони евра од парижаните во вид на бонус за потпис.

Мбапе најави дека ќе го напушти ПСЖ како слободен играч на крајот од сезоната 2023/24. Најверојатно, напаѓачот кариерата ќе ја продолжи во Реал Мадрид. На 16 мај беше објавено дека се очекува „белиот балет“ официјално да го објави договорот со играчот пред почетокот на ЕП 2024 година.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Управниот суд денеска ќе расправа по тужбите на Европскиот фронт

Следно

ПОЧИНА СОПРУГОТ НА СРПСКАТА ПЕЈАЧКА ОД „ГРАНД“: Беше постар од неа 20 години ѝ остави стан цел во злато, дури и тоалетната шолја е златна! (ВИДЕО)

Latest from Blog

Нобеловка доби дополнителни 7 години затвор- не смеела да штрајкува со глад

Иран ја осуди активистката за човекови права и добитничка на Нобелова награда за мир, Наргес Мохамади, на дополнителни седум години затвор откако таа започна штрајк со глад, соопштија денес нејзините поддржувачи, повикувајќи

Мицкоски: Вистинскиот избор за заедничка иднина, избрани претседатели на партиски комисии

На првата редовна седница на новиот состав на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ се донела одлука за распишување огласи за избор на нови претседатели на Унијата на млади сили, Унијата на жени, Унијата

Меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“ ќе се гради во Стар парк во Кочани

Здружението „16 март 2025 Кочани“ официјално доби одлука од Општина Кочани со која им се одобрува користење простор во Стар парк за реализација на меморијалниот проект „Патека на бесконечноста“. Овој простор е

Николоски: Владата е посветена на долгорочна заштита на Охридското крајбрежје

Охридскиот регион, како светско културно и природно наследство со исклучителна универзална вредност, останува врвен национален приоритет. На средба во седиштето на УНЕСКО во Париз со Кондкер Мохамад Талха, претседател на 43-та сесија

Гастарбајтерите ја напуштаат Германија: „КРИЗА Е…“

Сè повеќе хрватски граѓани емигрираат од Германија, како што покажуваат официјалните бројки. Минатата година, повеќе од 20.000 хрватски граѓани ја напуштиле земјата, 11.000 повеќе од што емигрирале. Некои се вратиле во Хрватска,
Go toTop