Масовни апсења во Турција: Приведени речиси 200 лица поради поврзаност со Исламската држава

December 30, 2023
1 min read

Турција во последните месеци ги засили операциите против членовите на Исламската држава, која ја презеде одговорноста за голем број смртоносни напади во Турција, вклучувајќи го и нападот во ноќен клуб во Истанбул на 1 јануари 2017 година, во кој загинаа 39 лица

Турските власти уапсија речиси 200 лица осомничени дека ѝ припаѓаат на екстремистичката група Исламска држава во серија операции низ земјата, соопшти денеска турскиот министер за внатрешни работи Али Јерликаја.

Во пораката на платформата „Икс“ тој напиша дека 189 осомничени се уапсени во 37 градови, од кои 27 во Анкара и 22 во Истанбул.

Турција во последните месеци ги засили операциите против членовите на Исламската држава, која ја презеде одговорноста за голем број смртоносни напади во Турција, вклучувајќи го и нападот во ноќен клуб во Истанбул на 1 јануари 2017 година, во кој загинаа 39 лица.

Турските власти вчера веќе објавија дека уапсиле 32 осомничени членови на Исламската држава, од кои тројца се важни членови на групата, а кои се осомничени за планирање напади врз цркви и синагоги, како и врз ирачката амбасада.

Полицијата минатата недела објави дека извршила голема операција во 32 града во земјата и уапсила повеќе од 300 лица осомничени за врски со Исламска држава.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Демократски сојуз: СДСМ ги плаќа „фактурите“ на ДУИ и на Алијанса аа Албанците

Следно

Маричиќ: Новата година нека биде година на обновен политички консензус за Европската Унија

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop