Mашката сениорска одбојкарска репрезентација комплетни на првиот тренинг

May 14, 2025
1 min read

Машката сениорска репрезентација, утре во 13:30 часот, во Струмица стартува со подготовките за настапот во ЦЕВ Златната Европска лига 2025. Селекторот Јошко Миленкоски повика 16 репрезентативци на чии услуги ќе смета на првата акција летово.

На првата прозивка ќе се појават 15 одбојкари, единствено ќе недостасува Михајло Мирасчиев, кој поради приватни обврски ќе задоцни, но ќе се стави на располагање веќе на првиот тренинг попладнето.

Според планот репрезентацијата една недела ќе тренира во салата „Парк“ во Струмица, а потоа патува за Марибор каде на 24 и 25 мај ќе одигра пријателски двомеч со селекцијата на Хрватска, како проверка на силата во пресрет на натпреварите од Златната Европската лига.

Во годинешното издание на ЦЕВ Златната Европска лига ќе учествуваат 12-те национални тима каде покрај Македонија ќе се натпреваруваат и Чешка, Португалија, Романија, Финска, Хрватска, Грција, Шпанија, Летонија, Словачка, Црна Гора и Израел. Како и во претходното издание така и во ова ќе се игра според т.н. „швајцарски систем“ односно во три турнири, а секоја репрезентација ќе биде домаќин на по еден турнир.

Третата година во низа како дел од силното континентално натпреварување машката репрезентација го започнува викендот од 6 до 8 јуни во Братислава, Словачка, каде Македонија ќе ги измери силите со домаќинот на првиот турнир и селекцијата на Финска. Вториот турнир одбојкарите го играат една недела подоцна од 13 до 15 јуни во Рига против Летонија и Грција. Македонија ќе биде домаќин на еден од трите турнири во третиот викенд од годинешното издание, кога од 20 до 22 јуни во салата „Парк“ во Струмица, ќе ги пречека Црна Гора и Израел.

По комплетирањето на турнирите ќе биде формирана заедничка табела на која првите четири најдобро пласирани селекции ќе изборат учество на финалниот турнир, кој ќе се одржи на 5 и 6 јули во Брно, Чешка.

Машката А репрезентација од 2014 година константно е дел од годишните натпреварувања на ЦЕВ и досега има освоено четири бронзени и два сребрени медали.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп: По разговорите со турскиот претседател и саудискиот престолонаследник, САД ќе ги укинат санкциите врз Сирија

Следно

Турскиот претседател Ердоган на онлајн состанок со лидерите на САД, Саудиска Арабија и Сирија

Latest from Blog

Тоневски: Инвестиција од 6 милиони денари за сигурно водоснабдување во Пробиштип

Во тек е проектот за санација и реконструкција на главниот градски резервоар за вода за пиење во Пробиштип, кој влегува во својата втора фаза од реализацијата. Градоначалникот Тони Тоневски информира дека се

Арагчи: Ормуската Теснина останува затворена за „агресорските земји“

Тој прецизира дека преминот е затворен за пловилата на „агресорските држави и нивните поддржувачи“, пренесува порталот „Прес ТВ“. Во телефонски разговор со својот јужнокорејски колега Чо Хјун, Арагчи истакна дека моментната несигурност

ОД ПРВИОТ ЧЕКОР ДО САМОСТОЈНОСТ – 25 години СОС Детско село – 25 години менуваме животи

СОС Детско село Македонија годинава одбележува значаен јубилеј, 25 години посветеност на децата, младите и семејствата во земјата. Во изминатите 25 години, СОС Детско село Македонија помогна илјадници деца, млади и семејства
Go toTop