Марш на ангелите: Доказите водат до одговорност на МВР, институција која требаше да се грижи за јавниот ред и мир и за безбедноста

June 29, 2025
1 min read

Бараме од институциите да побрзаат со постапките против осомничените за трагедијата, нашите починати чеда заслужуваат правда и не сакаме ова да биде уште една трагедија што ќе остане заглавена во административните архиви, порачаа родителите на загинатите во пожарот во клубот „Пулс“ на денешниот „Марш за ангелите“ во Кочани.

Колоната на единаесеттиот протестен марш, што почна во 18 часот и 5 минути, ја мина вообичаената маршрута од Паркот на Револуцијата, низ Трговскиот центар, кон зградата на Општина Кочани. Со свирежи и гласни извици пред Полициската станица и пред Основниот суд и Јавното обвинителство во Кочани, родителите го искажаа незадоволството од текот на постапката.

-Одговорните во институциите да ја сфатат нашата неизмерна загуба со која живееме секој ден и да постапат побрзо. Сите докази веќе им се во рацете, снимките, нашите сведоштва, сѐ што видовме со свои очи таа кобна вечер. Зошто сѐ уште нема одговорност, до кога ќе чекаме одговор од ОЈО ГОК? Тие имаат толку многу докази од сведоци, од нас директно како сведоци и од камерите за видеонадзор. Тоа се докази кои водат до одговорност на Министерството за внатрешни работи и на институциите кои требаше да се грижат за јавниот ред и мир и за безбедноста. Нашите ангели заслужуваат правда сите, а ние ја заслужуваме вистината, затоа ве молиме побрзајте со постапките, слушнете ја нашата болка за ова да не остане уште една трагедија затворена во архивите на неправдата, истакнаа родителите на собирот пред Јавното обвинителство.

Побараа одговорност од полицијата и од обезбедувањето во „Пулс“ кои, како што рекоа, не реагирале навреме, но и одговорност поради, според нив, недоволната подготвеност на противпожарните екипи и несоодветната опременост и недоволниот персонал во болницата во Кочани.

Како одговор на обвинувањата на социјалните мрежи родителите рекоа дека нивните реакции не се под влијание на ниту една политичка партија, со забелешка дека никој од лидерите на партиите од власта и од опозицијата досега не дошол за да им изрази сочувство.

Родителите на починатите ги отфрлија и обвинувањата дека тие се одговорни за трагедијата со тоа што им дозволиле на децата да одат во „Пулс“.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Илјадници Бугари протестираа против воведувањето на еврото во земјата

Следно

Кинотеката со богата и естетски разновидна филмска програма во јули

Latest from Blog

„Македонска држава“: Нов дигитален дом на македонското историско и културно наследство

Денес официјално започнува со работа платформата „Македонска држава“, најголемата дигитална библиотека за македонското историско наследство. Платформата стартува со повеќе од 300 електронски книги, историски документи и истражувања кои опфаќаат над 150 години

Ѓорѓиевски: Денот на независноста нека нè потсетува на нашата обврска кон Македонија

Градоначалникот на општина Кисела Вода и претседател на ЗЕЛС, Орце Ѓорѓиевски, по повод Денот на независноста на Македонија, упати порака до граѓаните за значењето на овој празник. „Ова е ден на кој

Минчев: Македонија е нашиот дом, нашата иднина и нашата најголема одговорност

Честитка од Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, по повод Денот на независноста – 8 Септември: Почитувани граѓани, Денес го славиме најсветлиот датум во нашата современа историја – 8 Септември, денот кога
Go toTop