Маркетите имаат рок до денеска за намалување на цените, во спротивно ќе следуваат казни

December 27, 2024
1 min read

Министерството за економија најави дека изминативе два дена пазарните инспектори биле на терен во голем број маркетови и открија значително зголемување на цените кај основните прехранбени производи кои не се опфатени со т.н. новогодишната кошничка. Ова зголемување ја загрозува стабилноста на цени во пазарот и влијае врз животниот стандард на граѓаните.

Заменик министерот за економија, Марјан Ристески нагласи дека доколку трговците не ги намалат цените на овие производи до денеска, ќе бидат принудени да ги преземат дополнителните мерки и одлуки, вклучувајќи и налагање казни. Целта на овие мерки е да се спречи непотребното поскапување и да се заштити интересот на потрошувачите.

„Нема да ги толерира непочитувањата на пазарните правила и ќе примениме строги мерки за да го осигураме дека цените остануваат пристојни и пристапни за сите граѓани,“ рече министерот за економија.

Во текот на инспекциите, инспекторите открија неусогласености во цените на некои основни производи, кои значително ги надминуваат предвидените граници за зголемување.

Министерството го поттикнува секторот на трговија да покаже општествена одговорност и да се усогласува со поставените стандарди за да се избегнат непријатности за потрошувачите и економскиот развој на земјата.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Полицијата презентира дел од своите единици и опремата која ја користат (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Следно

Двајца осомничени за напад на полициски службеници во Битола

Latest from Blog

Американците го фатиле клучниот учесник во нападот на нивниот комплекс во Бенгази (ВИДЕО)

Министерството за правда на САД објави апсење на клучна фигура во смртоносниот напад врз американски комплекс во Бенгази, Либија, во кој загинаа четворица Американци и со години длабоко ги подели САД. Зубајр

Ковачки: Продолжуваме обединети во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија

Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки се огласи на социјалните мрежи по неговиот избор на оваа партиска позиција. Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ

Ковачки: Честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ е огромна, продолжуваме обединети во нови победи

Одговорноста е голема, но честа да се служи како генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ под лидерството на Христијан Мицкоски e огромна, напиша на социјалните мрежи пратеникот Драган Ковачки откако беше избран на позицијата

Хоџа: Државата и во 2026 со силна финансиска поддршка за националните паркови

Министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, на работен состанок со директорите на националните паркови Пелистер, Маврово, Галичица и Шар Планина, ја потврди силната и континуирана поддршка на Министерството за

Автомобил удри во супермаркет во Лос Анџелес- најамалку тројца загинати, возач била 92 годишна баба (ВИДЕО)

Се вели дека жената зад воланот имала 92 години. Несреќата се случила кратко по пладне по локално време на „Ранч Маркет“ број 99 на булеварот Вествуд, кога возилото се удрило во зградата,
Go toTop