Манчестер Сити против Интер за крај на оваа сезона во ЛШ

June 10, 2023
1 min read

Манчестер сити и Интер, вечерва во Истанбул ќе го одиграат финалето во Лигата на шампионите.

„Пред нас е многу тежок противник, најдобриот тим во светот. Не смееме да се плашиме, не сме во финалето без причина и ќе го докажеме тоа. Можеме да му парираме на Сити во средниот ред, но ќе ни требаат нозе, глава и срце“, изјави тренерот на Интер, Симоне Инзаги пред натпреварот и додаде:

“Ова ќе биде наш 57. натпревар во сезоната. На некои заслужено загубивме, а во некои заслужено победивме. Имаме можност да влеземе во историјата и да го направиме она што Интер го постигна во 2010 година, да ја освоиме Лигата на шампионите”.

Интер оваа сезона го освои Купот и Суперкупот на Италија, а во Серија А заврши на третото место.

„Подготвени сме, имам чувство дека играчите ќе дадат сè“, изјави Пеп Гвардиола, а потоа ги коментираше нешто послабите напаѓачки перформанси на Ерлинг Халанд во последно време и историјата на клубовите:Тој ќе биде подготвен да ни помогне да ја освоиме Лигата на шампионите. Гледав многу натпревари на Интер за да знам што да правам. Но таков е фудбалот, ќе победи тој што ќе биде подобар 95 минути. Историски гледано, Интер е поголем клуб од нас. Но, тоа не е важно, важно е што ќе се случи вечерва“, изјави тренерот на Сити.

Манчестер сити има можност да ја освои тројната круна, откако клубот веќе ги освои ФА купот и Премиерлигата.

Финалето во Лигата на шампионите ќе стартува од 21 часот, а главен судија на овој натпревар ќе биде Полјакот Шимон Марчиниак.

Негови помошници се Павел Соколницки и Тимаш Листкиевич. Четврти судија е Романецот Иштван Ковач, а во ВАР-собата ќе биде Томаш Квјатковски.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пронајдени живи четирите деца исчезнати 40 дена во амазонската џунгла

Следно

Државен надзор во рацете на вештачка интелигенција

Latest from Blog

Проданоски во Радио Пела: Рестарт на Прилеп преку капитални проекти, ред во сообраќајот и ФК Победа

Градоначалникот на општина Прилеп, Дејан Проданоски, во своето прво официјално гостување во студиото на Радио Пела како прв човек на општината, отворено говореше за приоритетите, тековните инфраструктурни зафати и плановите за развој

Божиновска и ММФ разговараа за стабилноста на цените на горивата и енергетската независност

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска оствари работна средба со претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводени од шефот на мисијата во земјава, Ник Гигинеишвили. На состанокот се

Тендерска постапка за изградба на гасовод меѓу Македонија и Србија

Номагас, акционерско друштво во државна сопственост за пренос на природен гас, наскоро ќе отвори тендер за избор на проектант и изведувач на интерконективниот гасовод меѓу Македонија и Србија. Овој проект е дел
Go toTop