Манчестер Јунајтед уште сега ги одреди главните цели за летниот преоден рок!

November 17, 2025
1 min read
ФОТО: Manchester United/FB

Како што пренесуваат медиумите на Островот, раководството на Манчестер Јунајтед деновиве ги одредило главните трансфер цели за летниот преоден рок во 2026 година.

Првата цел е Елиот Андерсон, играчот за врска на Нотингем Форест кој добива шанса и во репрезентацијата. Се верува дека тој во блиска иднина ќе биде еден од клучните играчи во селекцијата предводена од Томас Тухел.

За него “Шумарите“ ќе бараат 100 милиони евра, но тоа нема да биде проблем за Јунајтед.

Втората трансферна цел е Карлос Балеба од Брајтон. Тој веќе беше преговори со Јунајтед минатото лето и се беше подготвено да се пресели на “Олд Трафорд“, но во последен момент тој трансфер пропадна.

Следното лето веројатно ќе биде вистинска шанса Балеба да го оствари својот трансфер од соништата. И за него Јунајтед треба да плати околу 100 милиони евра.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Трамп ги повика Републиканците да гласаат за да се објават сите досиеја поврзани со педофилот Епстајн

Следно

Вадефул од Сараево: Владеењето на правото не подлежи на преговори, ЕУ е конкретна перспектива за Западен Балкан

Latest from Blog

Илјадници луѓе излегоа на улиците на Лондон за шарената новогодишна парада

Повеќе од 8.000 изведувачи учествуваа во манифестацијата долж рутата од Пикадили до Вајтхол во Вест Енд, која вклучуваше марширачки бендови, акробати и свечени платформи, пренесе ДПА. Толпите луѓе им пркосеа на ниските

Вознемирувачко видео: Се појавија нови снимки од Кран-Монтана – луѓето панично бегаат!

Светот е згрозен од новите детали за катастрофалниот пожар во барот „Ле Констелејшн“ во швајцарскиот зимски центар Кран-Монтана, каде според италијанскиот министер за надворешни работи, Антонио Тајани, бројот на загинати се искачи

МЗ ги разгледува можностите за медицинското згрижување во Македонија на повредените од Швајцарија

Министерството за здравство ги разгледува можностите и расположливите капацитети за да ѝ обезбеди соодветна поддршка на Швајцарија во делот на медицинското згрижување на повредените од трагичниот пожар во Кран-Монтана. Во таа насока,
Go toTop