Манасиевски: Државна безбедност и стабилност е првиот стожер од стратегијата Македонија 2030

December 8, 2025
1 min read

„Ново поглавје – Стратегија Македонија 2030“ е визија за модерна, стабилна и европски ориентирана Македонија. Стратегијата која е на долг рок, поставува јасен правец и систем на управување што ја заменува импровизацијата со институционална зрелост. Нашата цел е држава што создава стабилност, економска моќ и самодоверба, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

Денес имам чест, да го презентирам Првиот стожер од стратегијата Македонија 2030, а тоа е, државна безбедност и стабилност. Во време на сериозни геополитички промени, сајбер-напади и хибридни закани, безбедноста станува основа за секоја друга државна политика. Само држава што е модерна, отпорна и институционално заштитена може да обезбеди развој и стабилност. Нашата стратегија за државна безбедност и стабилност се темели на четири приоритети. Првиот приоритет е модерна Армија со реални НАТО стандарди. Технолошко унапредување, современи системи на командување и развој на сајбер-одбранбени единици. Армија што навистина го штити државниот интерес. Вториот приоритет е национален модел за сајбер-безбедност. Сајбер-просторот е новото боиште. Потребен е национален центар за дигитална отпорност, јасни протоколи и стандарди што ќе ги штитат институциите, банките и критичната инфраструктура. Третиот приоритет, одбрана од хибридни закани и дезинформации. Создаваме државен механизам за анализа, брза реакција и заштита на демократските процеси, без нарушување на слободата на говор, но со заштита на вистината. И четврти приоритет, модерен систем за управување со кризи. Централен команден столб, автоматизирани процедури и регионална координација за брза, професионална и предвидлива реакција, истакна Манасиевски.

Безбедноста е темелот на државата. Само стабилна и заштитена Македонија може да биде економски силна, институционално зрела и политички самоуверена. Со овој стожер го отвораме новото поглавје на државноста што ја градиме заедно, додаде тој.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денеска е Свети Климент Охридски – патрон на МПЦ и заштитник на македонскиот народ

Следно

3 знаци да очекуваат чудо: До крајот на годината, ќе пристигне лавина од успех за која никогаш не сонувале

Latest from Blog

Елмас откри какви инструкции добиле од Конте

Фото: Наполи Наполи и Елиф Елмас запишаа голема победа во 13-тото коло во Серија А, откако го победија Јувентус на својот стадион со 2:1, во големото дерби. Македонскиот репрезентативец одигра уште еден комплетен

Речиси 1.000 загинати – 1 милион раселени во поплавите во Индонезија

Малку помалку од 1.000 луѓе загинаа, а речиси еден милион се раселени по неколкунеделните поплави и лизгања на земјиштето во северна Суматра, според бројките објавени денес од индонезиската агенција за катастрофи. Националната

3 знаци да очекуваат чудо: До крајот на годината, ќе пристигне лавина од успех за која никогаш не сонувале

Крајот на годината носи промени за Лав, Стрелец и Риби во форма на изненадувања што го менуваат животот. Лав Лавовите ќе доживеат долгоочекувано признание што ќе отвори нови врати, без разлика дали

Денеска е Свети Климент Охридски – патрон на МПЦ и заштитник на македонскиот народ

Именден празнуваат: Климент, Климе, Климентина… Македонската православна црква со посебно внимание но и со гордост го празнува споменот на својот патрон Свети Климент Охридски – Чудотворец. Првиот македонски архиепископ во исто време

Арсенал се вклучува во трката за талентот на Јувентус, цената е над 100 милиони евра

Англискиот гигант Арсенал е подготвен да му се придружи на Реал Мадрид во трката за потпишување на талентот на Јувентус, Кенан Јилдиз во јануарскиот преоден рок. Интересот на „топџиите“ е поттикнат од
Go toTop