На денешната прек конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ упати неколку прашања кој СДСМ, тој паташа:
„СДС да одговори, дали нивниот ПР шеф Башановиќ бил посредник за матни бизнис зделки во енергетиката и промената на името на државата кое Заев и Филипче го спроведоа?
Контроверзната српска личност со име и презиме Зоран Башановиќ, советник во владата на Зоран Заев, а сега шеф на ПР тимот на СДС, според јавно достапни информации бил човекот кој ги споил Зоран Заев и тогашниот премиер на Грција, Ципрас за Македонија да го промени уставното име?
Дали истиот овој човек кој денес преку СДС и Филипче плука по сите, бил одговорен за зделки во делот на енергетиката во координација со Зоран Заев? Дали компанијата на Колашинац “Зобек мининг гроуп” добила најскап договор со ЕСМ, затоа што фирмата „Лигниторихиа Ахлада“ која била концесионер на истоимениот рудник за ископ на јаглен била токму од Грција“?
Зоран Башановиќ и Зоран Заев не се од вчера, тие се добар тандем уште од поодамна. Денес продолжуваат да го водат СДС, и да го омаловажуваат, дискриминираат и навредуваат македонскиот народ, додаде Манасиевски.
„Ова е уште еден доказ дека Филипче е само обичен чувар на фотелјата на Заев, и е користен од Башановиќ да го напаѓа Вучич.
И за крај, дали е вистина дека Башановиќ се враќа да соработува со СДС затоа што Заев му исплатил стари долгови? СДС е на потег да одговори“, потенцира Манасиевски на пресот.
Извор: kurir.mk


