Макрон свика кризен состанок поради големите нереди во Франција

June 29, 2023
1 min read

На почетокот на состанокот Макрон рече дека е неоправдано насилството што се шири низ Франција втор ден по ред откако полицаец застрела 17-годишно момче во предградие на Париз. Тој рече дека фаталното убиството на тинејџерот не е за простување

Сто и педесет лица се уапсени во Франција по втората ноќ немири низ земјата, изјави министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин, откако сообраќајната полиција застрела 17-годишно момче. Министерството соопшти дека за време на судирите биле повредени десетици полицајци.

„Ноќ на неподносливо насилство врз симболите на Републиката. Запалени или нападнати градски сали, училишта и полициски станици, 150 апсења“,

напиша Дарманин на Твитер.

Полициската употреба на смртоносна сила во работничкото париско предградие Нантер против тинејџер, кој има северноафриканско потекло, влијаеше на длабоко вкоренетата перцепција за полициската бруталност во етнички различните населби на најголемите градови во Франција.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека 2 000 полицајци се мобилизирани во регионот на Париз, а превртени возила гореле на авенијата „Пабло Пикасо“ во Нантер, непосредно пред полноќ, додека врз полициските сили биле пукани пиротехнички средства.

Полицијата се судри со демонстрантите во северниот град Лил и во Тулуз на југозапад, а немири имаше и во Амиен, Дижон и административната област Есон јужно од француската престолнина, изјави портпаролот на полицијата.

Претседателот Емануел Макрон свика кризен состанок на владата, соопштија од неговиот кабинет. На почетокот на состанокот Макрон рече дека е неоправдано насилството што се шири низ Франција втор ден по ред откако полицаец застрела 17-годишно момче во предградие на Париз. Тој рече дека фаталното убиството на тинејџерот не е за простување.

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Шолц: Многу сме сериозни за ЕУ-перспективата на земјите од Западен Балкан

Следно

Играше за актуелниот европски шампион, а денес поправа рефлектори!

Latest from Blog

Млекара со доминантен промет преку блок-трансакција – МБИ10 со минимален пад од 0,03%

Вкупен промет од 483,21 милиони денари и стабилен ОМБ – сесијата обележана од блокови Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. На берзанската сесија од

Коњановски: Градоначалничкиот мандат започна со нови градинки, спортски терени и дигитализација

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, го презентираше отчетот за првите 100 дена од новиот мандат, истакнувајќи дека фокусот е на инфраструктура, образование, спорт, култура и енергетска транзиција. Во овој период беше

Никола Ѓурѓај: „Нема да молчиме пред одлуки штетни за македонското население“

Македонското друштво “Илинден“-Тирана остро се спротивставува на отворањето мигрантски центри на територијата на општина Пустец. Сметаме дека ваквата одлука е донесена без претходна консултација со локалното население, без организирање јавна расправа
Go toTop