Макрон: Следната недела во Париз ќе се одржи нов самит за Украина

March 21, 2025
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Францускиот претседател Емануел Макрон објави дека следната недела во Париз ќе се одржи нов самит за Украина, јавува Анадолу.

„Следниот четврток ќе одржиме самит на ‘коалицијата на подготвените’ во Париз, во присуство на претседателот Зеленски. Ќе ја финализираме нашата работа за краткорочната поддршка на украинската армија“, изјави Макрон по првиот ден од самитот на Европскиот совет во Брисел.

Тој повтори дека фокусот останува на стратегијата за одбрана на Украина и безбедносните гаранции во Европа, нагласувајќи дека само кога Русија и Украина ќе се обврзат на траен прекин на огнот, ќе може да се дискутира за гаранции за безбедност.

„Легитимно е Украина, како суверена држава, да одреди што ѝ е потребно за да ја осигури својата безбедност. Ќе постапуваме на организиран начин и нема да прифатиме преголеми барања или провокации“, истакна Макрон.

Тој додаде дека Европа ја спроведува својата стратегија за повторно вооружување.

„Сега имаме стратегија за целосно повторно вооружување на Европа, односно да се опремиме и целосно да ја вратиме нашата независност во следните пет години. Мора да се вооружиме, да станеме поавтономни, да ги заштитиме нашите граници и да го обезбедиме соседството“, рече францускиот претседател.

Макрон, исто така, најави дека на самитот се дискутирало и за подготовката на следниот буџет за справување со предизвиците во одбраната, вештачката интелигенција, технологијата и климатските промени.

„Се наоѓаме на крајот од еден период во кој имавме корист од ‘дивидендата на мирот’, кога можевме да си дозволиме да ги занемариме инвестициите во одбраната, верувајќи дека трговијата ќе ги реши глобалните конфликти“, нагласи Макрон, додавајќи дека секоја сигурност на која се потпирала Европа е разнишана.

„Европа е фундаментално оспорена“, заклучи тој.

Францускиот претседател објави и дека ќе отпатува во Египет на 7 и 8 април и дека наредните денови ќе го прими либанскиот претседател Жозеф Аун во Париз.

Макрон додаде дека на самитот се разговарало и за Сирија, истакнувајќи ја потребата за враќање на стабилноста и борбата против тероризмот. Тој најави дека следните денови ќе стапи во контакт со сирискиот претседател Ахмед ал-Шара за натамошни разговори.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Ѓорѓиевски за Курир: Отстапки нема – Општинските инспектори се на терен, контрола на сите објекти од јавен карактер

Следно

Хамилтон најбрз на спринтот во Шангај

Latest from Blog

Започна акција за спасување на делфин, кој живее среде Венеција- бродовите може да го убијат (ВИДЕО)

Неговото присуство во близина на плоштадот Свети Марко предизвика кампања за негово спасување поради опасноста од големиот бродски сообраќај, пишува The Guardian. Мимо последен пат беше виден завчера во базенот Свети Марко,

Трагична полициска потера во Бугарија: Автомобил пропадна во езеро, загинаа шест лица (ВИДЕО)

Автомобилот што слета во езерото Ваја бил регистриран во Романија и го управувал Романец. Во него имало 10 лица, вклучувајќи го и возачот, објави Euronews. Според медиумските извештаи, автомобилот „Шкода“ се движел

3-те најпосетувани градови во светот: Првиот никој не го очекуваше – мора да ги посетите

Иако многумина би помислиле дека Париз е најпосетуваниот град на планетата, или можеби Њујорк, тоа се Истанбул, Лондон и Дубаи. Дубаи, Обединети Арапски Емирати Овој футуристички град го освои третото место со

Колумна на Мартин Ристевски: ПОСТИЗБОРНО

Изборниот процес донесе многу интересни текови за нашата држава. Историски пресврти во многу општини, крај на една политичка партија и структура која се уште е заробена во 2001 година, како и многу нови предизвици
Go toTop