Макрон сака да ја види Русија поразена во војната со Украина, но не и „скршена“

February 19, 2023
2 mins read

„Не мислам, како некои луѓе, дека мораме да целиме кон целосен пораз на Русија со напад на Русија на нејзино тло. Овие набљудувачи сакаат, пред сè, да ja уништат Русија. Тоа никогаш не бил ставот на Франција и никогаш нема да биде наша позиција“, изјавил Макрон за Ле журнал ду диманж (Le Journal du Dimanche), пренесува Би-би-си

Францускиот претседател Емануел Макрон изјавил дека посакува Русија да биде поразена во војната со Украина, но не и да биде „скршена“, пренесува Би-би-си“. Тој зборувајќи за француските медиуми ги повикал западните земји да ја зголемат воената поддршка за Киев и рекол дека е подготвен за долготрајна војна. 

 „Сакам Русија да биде поразена во Украина и сакам Украина да може да ја одбрани својата позиција“,

рекол Макрон.  

Сепак, тој упатил и порака до оние за кои, како што рекол, сакаат да ја прошират војната на територијата на Русија во обид да ја „скршат“ нацијата. 

Францускиот претседател Емануел Макрон/Фото: Архива

Коментарите на Макрон доаѓаат за време на Минхенската безбедносна конференција на која светските лидери меѓу другото ветија забрзување на испораката на оружје за Киев и воведување на построги санкции кон Москва. 

 „Не мислам, како некои луѓе, дека мораме да целиме кон целосен пораз на Русија со напад на Русија на нејзино тло. Овие набљудувачи сакаат, пред сè, да ja уништат Русија. Тоа никогаш не бил ставот на Франција и никогаш нема да биде наша позиција“,  

изјавил Макрон за Ле журнал ду диманж (Le Journal du Dimanche).

 Говорејќи на конференцијата во Минхен во петокот, Макрон инсистираше на тоа дека сега не е време за дијалог со Москва. Сепак, тој не избегна да ги спомене мировните преговори како крајна цел. 

Макрон посочи дека украинските воени напори, поддржани од сојузниците, се единствениот начин да се „врати Русија на маса и да се изгради траен мир“. Тој, исто така, ја отфрли можноста за промена на режимот во Русија, опишувајќи ги сличните напори ширум светот како „целосен неуспех“. 

 И покрај коментарите на Макрон, засега нема изгледи ниту од Москва, ниту од Киев за седнување на преговарачката маса.  

 Украинскиот министер за надворешни работи Дмитро Кулеба, кој учествува на Минхенската безбедносна конференција ја поздрави одлуката да не се покани Москва на конференцијата.  

„Руските лидери не треба да бидат поканети на маса се додека „терористичката држава убива, се додека користи бомби, проектили и тенкови како аргумент за меѓународната политика“,

рече тој. 

Шефот на украинската дипломатија, Дмитро Кулеба, во саботата во Минхен го бранеше повикот за употреба на касетна муниција против руските војници бидејќи Украина не е потписник на Конвенцијата за забрана на употреба на такво оружје, но таквиот повик беше отфрлен од генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. 

Инаку, потпретседателката на Соединетите Американски Држави, Камала Харис, во саботата на конференцијата во Минхен првпат ја обвини Русија дека извршила „злосторства против човештвото“ во Украина, за што се собрани и попишани повеќе од 30 000 случаи. Стортелите „ќе одговараат пред суд“, порача таа. 

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Видео: Глутница кучиња нападнаа домашен миленик во Скопје, жителите алармираат дека шетаат со страв

Следно

Во Турција од 6 февруари регистрирани повеќе од 5.700 земјотреси

Latest from Blog

(ВИДЕО) ГОРИ И ИТАЛИЈА? Протест во Милано, судири кај Дуомо повредени полицајци и демонстранти!

До вечерта – додека мали групи сè уште напаѓаа – бројот на жртви беше исклучително голем: околу 50 лица беа уапсени, вклучувајќи многу малолетници, неколку полицајци и демонстранти беа повредени, а центарот

Флик: Барселона заслужено го победи Бетис

Девет победи во девет меча за Барселона во шпанското првенство покажува дека тимот предводен од тренерот Ханси Флик е подготвен да ја одбрани титулата освоена минатата сезона. Барселона го помина и последниот

Мерц, АНГЕЛА РЕЧЕ „НЕ“ (ВИДЕО)

Поранешната германска канцеларка Ангела Меркел смета дека Христијанско-демократската унија (CDU) не треба да соработува со крајно десничарската Алтернатива за Германија (AfD). „Би ми било тешко да се влезе во коалиција со нив,

ВИДЕО – Проданоски: Инвестираме во патната врска меѓу Прилеп и Долнени

Се рехабилитира локалниот пат што поминува низ Мажучиште и ги поврзува општините Прилеп и Долнени, во должина од околу два километра, информира градоначалникот на Прилеп, Дејан Проданоски. Според него, делницата има значајна
Go toTop