Макрон: Признавањето на палестинската држава „не е табу за Франција“

February 16, 2024
1 min read

АНКАРА (АА) – Францускиот претседател Емануел Макрон денес повтори дека решението за две држави е единствениот пат кон регионален мир, велејќи дека признавањето на „палестинската држава не е табу за Франција“, јавува Анадолу.

Макрон, говорејќи на заедничката прес-конференција во Париз со јорданскиот крал Абдула Втори, рече дека Јордан и Франција споделуваат посветеност и решеност да постигнат вистински одржлив мир на Блискиот Исток преку решението со две држави.

„Франција е подготвена да придонесе во мировните напори од Европа и Советот за безбедност на ОН“, рече претседателот, додавајќи: „Признавањето на палестинската држава не е табу за Франција. Тоа им го должиме на Палестинците, чии аспирации долго време беа задушени.“

Макрон, исто така, ги повика другите регионални актери, „особено Иран“, да го спречат прелевањето на конфликтот, првенствено во Либан и Црвеното Море.

„Примирјето е наш апсолутен приоритет“, рече Макрон, нагласувајќи ја тежината на хуманитарната ситуација во Појасот Газа.

„Човечката жртва на војната е неподнослива“, забележа тој.

„Му кажав на израелскиот премиер пред неколку дена… израелскиот напад врз Рафа може да доведе само до хуманитарна катастрофа без преседан и ќе биде пресвртница во овој конфликт“, истакна францускиот лидер.

„Ги споделувам и стравовите на Јордан и Египет од присилно и масовно раселување на населението“, додаде тој.

Макрон предупреди дека тоа ќе биде „не само ново сериозно кршење на меѓународното право, туку и голем ризик од регионална ескалација“.

Кралот Абдулах, од своја страна, ја истакна потребата од „траен прекин на огнот во Газа“, додавајќи дека израелскиот напад врз Рафа, каде што речиси 1,5 милиони луѓе се принудени да побараат засолниште, „ќе има катастрофални хуманитарни последици што не може да бидат прифатени“.

Кралот, исто така, истакна дека неговата земја прави напори „да спречи овој конфликт да ескалира во регионот“.

„Политичкото решение што води кон мир… засновано на решение со две држави, е единствениот начин да се гарантира безбедноста за Палестинците, Израелците и целиот регион“, нагласи тој.

Од прекуграничниот упад на палестинската група Хамас на 7 октомври, при што загинаа околу 1.200 луѓе, израелската офанзива во Газа уби повеќе од 28.600 луѓе и предизвика масовно уништување и недостиг на неопходни работи.

Според Обединетите нации, израелската војна против Газа принуди 85 отсто од населението на територијата внатрешно да се расели поради акутен недостиг на храна, чиста вода и лекови, а 60 отсто од инфраструктурата на енклавата се оштетени или уништени.

И покрај меѓународните негодувања, Израел планира копнена инвазија на Рафа, каде има околу 1,4 милиони бегалци. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече: „Ќе се бориме до целосна победа и тоа вклучува моќна акција во Рафа.“



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Алексеј Навални пронајден мртов во затворот

Следно

Туркије жали за одлуката на Парламентарното собрание на Советот на Европа за азербејџанската делегација

Latest from Blog

Ученици од „Кочо Рацин“ запознаа како функционира локалната самоуправа во Битола

Битола, 26 декември 2025 – Ученици од Основното училиште со ресурсен центар „Кочо Рацин“ – Битола денеска реализираа едукативна посета на локалната самоуправа со цел да се запознаат поблиску со работата на

Алиу: Првпат имаме база на човечки ресурси во здравството, наскоро и база на инфраструктура и технологии

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска одржа брифинг со претставниците на медиумите, на кој се разговараше за актуелните состојби и предизвици со кои се соочува здравствениот систем, како и за приоритетите во

Хум – најмалиот град во Европа

Хум првпат се споменува во пишаните извори во 11. и 12. век, кога играл важна улога како феудално упориште. Неговата историја може да се прочита веднаш на влезот: Градот е опкружен со
Go toTop