Макрон повика на враќање на редот откако Франција ја зафатија немири по убиството на тинејџер

July 3, 2023
1 min read

ПАРИЗ (АА) – Францускиот претседател Емануел Макрон ја повика Владата да ги преземе сите неопходни мерки за враќање на редот во земјата по петтата последователна ноќ на насилни немири предизвикани од убиството на тинејџер минатата недела од страна на полицијата, пренесува Анадолу.

Според BFMTV, Макрон свикал состанок во Елисејската палата за тековната ситуација во земјата, на кој присуствувале премиерката Елизабет Борн, министерот за внатрешни работи Жералд Дарманин и неколку други министри.

За време на состанокот тој побарал од министрите „да продолжат да прават сѐ што е во нивна моќ за да се врати редот“.

Тој, исто така, ја нагласил важноста од започнување сеопфатна истрага за подлабоко да се испита ситуацијата.

Макрон денес треба да се сретне со претседателот на француското национално Собрание, Јаел Браун-Пиве, и со претседателот на Сенатот, Жерар Ларше, по што утре ќе следува состанок во Елисејската палата со 220 градоначалници на местата зафатени со протестите.

Во меѓувреме, органите за спроведување на законот распоредија оклопни возила во центарот на градот Марсеј за преземање чекори против можноста за обновување на протестите.

Специјални полициски единици се на должност и во Лион по тензичните ноќни протести во градот.

Снимките што кружат на социјалните мрежи покажуваат група екстремни десничарски активисти како маршираат низ улиците на Лион, извикувајќи слогани како „Франција им припаѓа на Французите“.

Протестите низ целата земја што избувнаа поради убиството на Нахел М., 17-годишен тинејџер со алжирско потекло, од страна на полицаец, продолжуваат да ја потресуваат Франција.

Според Министерството за внатрешни работи, петтата ноќ од протестите биле опожарени 577 возила и 74 објекти, а евидентирани се 871 пожар на улиците и други јавни површини.

Нахел беше застрелан од полицаец од непосредна близина минатиот вторник за време на сообраќајна контрола во париското предградие Нантер, откако ги игнорирал наредбите да застане.

Полицаецот се соочува со формална истрага за убиството и се наоѓа во притвор.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Релативно мирна ноќ во Франција, Макрон им наложи на министрите да ги вратат редот и безбедноста во градовите

Следно

ЕУРИМАЖ СО 265.000 ЕВРА ГО ПОДДРЖА НОВИОТ ФИЛМ „ЧОВЕК ПРОТИВ ЈАТО“ НА ТАМАРА КОТЕВСКА

Latest from Blog

Спалети: Ни недостасува зрелост во играта

Екипата на Јувентус синоќа направи нок кикс во домашниот Серија А шампионат, откако одигра на домашен терен само 1:1, против екипата на Сасуоло. Иако поведе на време уште во 14. минута преку

Николоски: Прво туристичко вештачко езеро за Штип и источниот регион

Штип и источниот дел на Македонија ќе добијат прво туристичко вештачко езеро, кое се очекува да биде завршено до 2027 година, пред предвидениот рок, истакна Александар Николоски. Изградбата на браната на реката

Битола веќе на терен – инфраструктурни проекти пред официјалната градежна сезона

Општина Битола објави промотивно видео со кое ја најавува засилената градежна активност, уште пред официјалниот старт на пролетната сезона. Од општината посочуваат дека иако градежната сезона традиционално се поврзува со потоплите пролетни

Коњановски со честитка за Кркрдаш: Да ги негуваме обичаите и заедништвото

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, упати честитка по повод празникот Св. 40 Маченици – Кркрдаш, истакнувајќи дека овој ден претставува важен дел од културното и духовното наследство на градот. „Кркрдаш е
Go toTop