Макрон до Си: Убеден сум дека ќе ја вразумите Русија

April 6, 2023
1 min read

За време на посетата на Пекинг, францускиот претседател рече дека Кина може да „игра важна улога“ на патот кон мирот во Украина и ја поздрави „подготвеноста и посветеноста на Кина за решавање на конфликтот“

Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Пекинг се сретна со кинескиот претседател Си Ѓинпинг и му кажа дека „знае дека може да смета“ на Кина дека ќе ја вразуми Русија, пренесува „Гардијан“.

Макрон, кој вчера пристигна во Кина во тридневна државна посета, се ракуваше со Си во срцето на кинеската престолнина. Си го пречека својот гостин со црвен тепих, кинески и француски знамиња и националните химни, пренесува АФП.

„Руската агресија во Украина ѝ нанесе удар на стабилноста. Знам дека можам да сметам на вас да ја вратите Русија на страната на разумот и дека сите страни ќе седнат на преговарачка маса“,

му рекол Макрон на Си.

За време на посетата на Пекинг, францускиот претседател рече дека Кина може да „игра важна улога“ на патот кон мирот во Украина и ја поздрави „подготвеноста и посветеноста на Кина за решавање на конфликтот“.

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, му се придружи на Макрон во Пекинг. Макрон рече дека „сака да биде гласот што ја обединува Европа“ по прашањето за Украина, а неговото патување во Кина со шефот на ЕК „дополнително ја нагласува доследноста на таквиот пристап“.

Фото: EPA-EFE/Ng Han Guan / POOL

Извор: 360stepeni.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Целосно е реконструирано детското игралиште близу Зелениот пазар

Следно

Дуда: Украина мора да добие авиони кои можат да се справуваат со руските

Latest from Blog

Деребан е татко на три првачиња: Децата ми се најголема инспирација, богатство и благослов

Заменик министерот за правда, Ален Деребан, е татко на три дечиња-првачиња. Деребан е од Струга, по образование е магистер по право од областа на меѓународно право и  меѓународни односи, со положен правосуден

Берзанска сесија со 10,72 милиони денари промет – денес доминираат КБ, Тетекс и НЛБ

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза.  На берзанската сесија од 17 март 2026 година, индексот МБИ10 порасна за 0,19% и достигна 9.965,80 поени, додека

Спалети добива нов договор од Јувентус

фото: JuventusFC (X) Според денешното издание на Газета Дело Спорт, тренерот на Јувентус, Лучијано Спалети е многу близку до потпишување на нов договор со клубот. Истиот би бил со траење со 2027
Go toTop