Макрон: „Борбата против тероризмот не значи уништување на сѐ во Газа“

December 21, 2023
1 min read

ПАРИЗ (АА) – Претседателот на Франција, Емануел Макрон, вчера изјави дека неговата земја не може да дозволи да се вкорени идејата дека ефикасната борба против тероризмот подразбира срамнување со земја на Појасот Газа или неселективни напади врз цивилното население, пренесува Анадолу.

„Борбата против тероризмот не значи да се уништи сѐ во Газа“, рече Макрон на темата за израелско-палестинскиот судир.

Макрон во изјава за телевизискиот канал „Франс 5“ истакна дека позицијата на Франција во врска со ситуацијата во Појасот Газа е фер и во согласност со француската дипломатска историја.

Макрон ја опиша израелската интервенција во Газа како „несоодветна“.

„Како што неделите минуваат, не можеме да дозволиме да се вкорени идејата дека ефикасната борба против тероризмот подразбира срамнување на Газа или неселективни напади врз цивилното население, предизвикувајќи цивилни жртви“, истакна Макрон.

Претседателот на Франција порача дека Израелците мораат да го запрат овој одговор затоа што не е соодветен и затоа што сите животи се еднакви.

Макрон истакна дека е длабоко вознемирен поради загубата на животите на недолжните цивили.

Тој го повтори апелот за воспоставување хуманитарна пауза што ќе прерасне во прекин на судирите, со цел заштита на цивилите.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Падна Х (Твитер), корисниците ширум светот пријавуваат проблеми

Следно

Честитка од Пендаровски за Денот на наставата на турски јазик: Турската заедница дава уникатен придонес кон изградбата и кон развојот на нашата заедничка македонска татковина

Latest from Blog

Мадуро во порака повика на мир и единство во Венецуела

„Денес, повеќе од кога било, повикуваме на континуирани напори за консолидирање на мирот во земјата, национално единство, помирување, простување и повторно обединување на сите. Никој нека не отстапува од патот на дијалогот,

Николоски: Поставен нов радарски систем на охридскиот аеродром, создаваме нова слика за аеродромите

Создаваме една комплетна инфраструктурна слика за Охрид и охридското крајбрежје. Инвестициите во инфраструктурата, реконструкцијата и надградбата на охридскиот аеродорм и политиката на провлекување на нови авиолинии ќе донесат бројни патници и туристи

Аеродромот во Охрид влегува во нова ера – ова ќе биде новиот капацитет на аеродромот

На охридскиот аеродром Св. Апостол Павле аеродром Охрид започна сериозна реконструкција, надградба и проширување – прва ваква голема интервенција од неговата изградба досега. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека
Go toTop