Македонското културно лето во Албанија го отвора Народниот театар од Битола

June 30, 2025
1 min read

Од 1 до 5 јули, живописниот Пустец во Република Албанија ќе биде домаќин на јубилејното издание на „Македонско културно лето“, во организација на Здружението на Македонците по потекло од Албанија „Сонце“, по повод 20-годишнината од своето постоење. Фестивалот, кој претставува симбол на културната виталност и самобитност на Македонците во Албанија, нуди богата програма со театарски претстави, концерти, изложби и активности за најмладите. Настаните ќе се одвиваат на неколку локации, вклучувајќи го плоштадот „Гоце Делчев“ и Музејот на Стерјо Спасе во Глобочани. Фестивалот ќе биде отворен на 1. јули во 19 часот, по што ќе следи претставата „Снежана и седумте џуџиња“ на НУ Театар Битола, а вечерта ќе заврши со концертот „Мала Преспа – Голема Песна“ на Драган Даутовски и ансамблот „Илинден“.

“Снежана и седумте џуџиња” е по текст на Љубивое Ршумовиќ, но се употребени и референци од бајките на браќата Грим, во режија на Драгана Милошевски Попова, драматург Билјана Крајчевска, сценографија Валентин Светозарев, костимограф Андреј Ѓоргиевски, композитор Марјан Неќак, кореограф Игор Киров, еден од најактуелните и најбарани светски кореографи.

Ова е претстава и за децата и за возрасните. Во театарската изведба на ,,Снежана и седумте џуџиња“, публиката ќе биде сведок на борбата помеѓу доброто и злото, преплетена со хумор, емоции и музика . Секој лик -од прекрасната Снежана , низ мудрите и смешни џуџиња, до злобната кралица -оживува пред присутните, носејќи магија директно од бајката. Улогата на Снежана ја игра Ана Грамосли, а останатите улоги: Никола Стефанов, Јулијана Мирчевска, Катерина Аневска Дранговска, Борче Ѓаковски, Никола Пројчевски, Маријан Ѓоргиевски, Живко Борисовски, Александар Димитровски, Петар Спировски, Александар Копања и Марија Стефановска.Суфлер е Гордана Михајлова, инспициент Димитар Михајловски.

Во следните денови на Македонското културно лето ќе се прикажат претстави како „Вечера за глупаци“ на НУ Театар „Ј.Х.К. Џинот“, изложби на фотографии од Охрид и Преспа, како и детската претстава „Рибарот и златната рипка“ според Пушкин. Свеченото затворање е предвидено за 5 јули во 14 часот со настап на ансамблот „Преспа“ на сцената во „Остров Мал Град“.Настанот се одржува со поддршка на Министерството за култура и туризам на Македонија.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Герасимовски: Ново зеленило и урбана опрема, помош за реконструкција на фасадите и лифтовите

Следно

Филипче: Во Берлин ги бранев македонските интереси

Latest from Blog

Во тек реконструкција на јужната трибина на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола

Во тек е санацијата на јужната трибина на стадионот „Петар Милошевски“ во Битола, со што спортскиот објект добива нов и современ изглед. Проектот опфаќа целосна реконструкција на трибините, замена и зајакнување на
Go toTop