Македонското друштво „Илинден“-Тирана активно учествува на собирот на европските малцинства

October 25, 2025
1 min read

Македонското друштво “Илинден“-Тирана со свој штанд се претстави на 69. Конгрес на Федералната унија на европските националности (ФУЕН) што се одржува во италијанскиот град Болзано.

Во рамки на активностите на овој значаен собир, синоќа, со свој штанд се претстави и нашето друштво. Имавме македонска домашна ракија, ајвар, лепче, потоа пропаганден материјал на кој се претставени македонските носии, убавините на областите каде што живеат Македонците, како и примероци од весникот “Илинден“. Искрен да бидам побуди голем интерес кај учесниците, кои го посетија во голем број, изјави за Македонски весник “Илинден” Никола Ѓурѓај, претседател на друштвото, кој е учесник на Конгресот.

Според него и претставниците на другите малцинствата од Европа, на свои штандови се претставиле со пропаганден материјал и нивна национална храна.

Македонското друштвото “Илинден“-Тирана член на ФУЕН е од 16 мај 2015 година и е дел од работната група на словенските малцинства при ФУЕН.

Во овој период редовно учествува на сите активности и конгреси на унијата, како што и на овој, кој почна вчера а завршува на 26 октомври, на кој учествуваат претставници на автохтоните национални малцинства, националности и јазични групи од цела Европа.

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мбапе пред „Ел Класико“: Ќе го направиме она што го очекуваат од нас – ќе победиме!

Следно

Ноќеска почнува зимското сметање на времето

Latest from Blog

Пал Заранди: Со влезот на One Macedonia ќе се активира конкуренцијата, граѓаните да внимаваат на двегодишни договори

One Macedonia, новиот мобилен оператор што влегува на македонскиот пазар, најавува сериозен инвестициски циклус и поинаков пристап кон корисниците, со цел да донесе поголема транспарентност, конкурентност и модерни дигитални услуги. Во интервју
Go toTop