Македонските танчери со врвни резултати на престижен фестивал во Солун

April 9, 2026
1 min read

Претставниците на танцовиот клуб ТСК Ритам Плусостварија значајни резултати на престижниот WDSF Thessaloniki Dance Festival, пласирајќи се во финалните кругови и освојувајќи високи позиции во повеќе категории.

Во конкуренција на врвни танчери од повеќе земји, македонските претставници постигнаа:

– Андреј Димоски & Сашка Колеска – 3 место (WDSF Adult Open Latin) и 4 место (WDSF Rising Stars)
– Лука Димовски & Каја Мирчески – 4 место (WDSF Junior 2)
– Драган Трајковски & Дарија Трајкова – 5 место (WDSF Under 21 Latin)

Во соло категориите:
– Теодора Стојановска –  3 место (WDSF Youth и WDSF Adult)
– Елена Псалтиров – 5 место (WDSF Adult) и 6 место (WDSF Youth)
– Ана Колевска – 6 место (WDSF Junior 2)
– Никита Ангеловски – 2 место (Junior 2 Open)

Дополнително, повеќе натпреварувачи се пласираа во четвртфинале во конкуренција од над 80 учесници.

Одличните резултати беа поздравени од претседател на Сојузот на спортски федерации, Мартин Клинчаров.

Дел од судискиот панел беа и нашите реномирани судии Верица Василеска и Иван Ангелковски, а натпреварувачите беа придружувани од тренерскиот тим- Огнен Анѓушев и Симона Спировска. 

„Овие резултати се потврда дека со континуирана работа и вистинска поддршка, младите спортисти од Македонија можат да бидат конкурентни на највисоко европско ниво. Ова е само дополнителен мотив за уште поголеми успеси во периодот што следи“, изјави тренерот на Ритам Плус, Огнен Анѓушев, долгогодишен поранешен првак на Македонија во спортски танци, кој е дел и од компанијата Фероинвест.

Учеството на натпреварот беше поддржано од Фероинвест, кој обезбеди поддршка за тимот, како и брендирана опрема за натпреварувачите.

Компанијата и минатата година поддржа танцов спортски настан во Скопје, со што ја потврдува својата континуирана заложба за поддршка на спортот, младите и нивниот развој.

Инаку, Ритам Плус минатата недела освои и најголем број награди на државното првенство во спортски танци во Скопје.

Извор: zurnal.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Проданоски: Учениците од „Ристе Ристески – Ричко“ се гордост на градот

Следно

Комуналец Прилеп: Подготвени гробиштата за празниците, воведен нов режим на движење

Latest from Blog

„Стентон градба“ ги реновираше хируршките сали во УКЦ „Мајка Тереза“ – новите капацитети веќе работат

Компанијата „Стентон градба“ од Битола успешно го заврши проектот за реконструкција и реновирање на операционите сали на хируршките клиники во ЈЗУ УКЦ „Мајка Тереза“ – Скопје, реализиран по принципот „клуч на рака“.

Захарова: Не е вистина дека руските и иранските хакери се здружиле

„Тврдењата за некаков заеднички напор од страна на руските и иранските хакери се уште една лага на режимот во Киев и терористичката организација во Киев“, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи

Комуналец Прилеп: Подготвени гробиштата за празниците, воведен нов режим на движење

ЈКП Комуналец Прилеп информира дека комуналните служби извршиле комплетно косење на зелените површини на Старите и Новите градски гробишта, како и темелно чистење на асфалтните и пристапните патеки, ободните канали, контејнерите и
Go toTop