Македонските ракометари против Швајцарија во последниот свој натпревар на ЕП 2024

January 16, 2024
1 min read

Македонската ракометна репрезентација вечер ќе го има својот последен настап на Европското првенство во Германија. Противник на избраниците на селекторот Кирил Лазаров, ќе биде репрезентацијата на Швајцарија.

Во првите две кола, Македонците забележаа очекувани два пораза, од Франција и од Германија, додека Швајцарците успеаја да им откинат бод на фаворизираните Французи.

Од А-групата, Германија веќе обезбеди пласман во следната фаза, додека Франција само чудо може да ја спречи да не оди понатаму. Швајцарците ќе се надеваат на победата над Македонија со голема разлика и на што повисок пораз на „триколорите“ па со евентуална подобра гол-разлика да ги поминат на табелата.

Македонците кои се без ниту теоретски шанси за да ја поминат групата, посакуваат со позитивен резултат да го завршат ЕП и како третопласирани во групата да си обезбедат подобра позиција во мундијалските квалификации.

Натпреварот ќе се игра во Берлин вечер со почеток во 18 часот. Од 20:30 часот третото коло во А-групата ќе го заокружат Франција и Германија

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денеска ќе заседава Комисијата за заразни болести, за неполн месец пет починати од вирусот на грип

Следно

Зошто е потешко слетувањето на Месечината денес отколку пред 50 години?

Latest from Blog

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се

Шефот на Росатом предупредува дека ситуацијата во иранската нуклеарна централа Бушер се влошува поради нападите

Ситуацијата во иранската нуклеарна електроцентрала Бушер продолжува да се влошува, а нападите претставуваат директна закана за нуклеарната безбедност, изјави шефот на руската државна нуклеарна корпорација Росатом Алексеј Лихачев по уште еден напад
Go toTop