Македонските ракометари ја совладаа Естонија во евроквалификациите

May 8, 2025
1 min read

Македонската машка ракометна репрезентација ја мина првата од двете последни пречки на патот до пласман на Европското првенство 2026, откако вечерва ја совлада Естонија на гостински терен со 36-17 пред завршниот евроквалификациски дуел против Литванија в недела во Скопје.

Избраниците на селекторот Кирил Лазаров доминираа од самиот почеток на денешниот дуел во Талин и триумфот во ниту еден момент не беше доведен во прашање.

Македонија уште од самиот почеток наметна силно темпо и на средината од првиот дел имаше водство од седум голови разлика (12-5) кое на полувремето изнесуваше недостижни плус девет (19-10).

Во продолжението македонските ракометари рутински го приведоа натпреварот до самиот крај и ја забележаа втората победа во петтиот натпревар во квалификациската група 1.

Кузмановски со шест голови беше најефикасен во македонската репрезентација, а голманите Томовски и Митревски заедно запишаа вкупно 19 одбрани.

Во завршното коло Македонија в недела во салата „Борис Трајковски“ во Скопје ја пречекува Литванија и за сигурен пласман на ЕП на избраниците на Лазаров ќе им биде потребна од најмалку три голови разлика.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ОН го отфрлија планот на Израел за управување со испораката на хуманитарната помош во Појасот Газа

Следно

Туркије и Ирак потпишаа 11 договори за соработка во клучни сектори

Latest from Blog

Коњановски: Битола вложува во младите и нивната благосостојба

Градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, се обрати на завршниот настан од проектот „Младите и менталното здравје“, во кој општината беше партнер, а кој се реализираше во соработка со битолските средни училишта

Трамп нареди итна исплата на 50.000 вработени во обезбедувањето на американските аеродроми

Трамп соопшти дека му наложил на Министерството за татковинска безбедност (ДХС) „веднаш да ги исплати агентите на Управата за безбедност во транспортот (ТСА)“ со цел да се реши вонредната состојба и, како

Савески: Ќе се постапува по секој предмет за кој има законски основ

Новоизбраниот државен јавен обвинител Ненад Савески вели дека никогаш нема да коментира ничија изјава, нагласувајќи дека првото нешто што го направил откако е на функцијата е средба со јавните обвинители во Државното

Беким Сали на отворањето на 4-та Балканска школа за педијатрија: Зајакнување на здравствените капацитети за децата

Во присуство на бројни здравствени експерти од регионот, денеска официјално започна 4-тата Балканска школа за педијатрија, значаен настан кој ги обединува педијатрите од различни земји со цел унапредување на знаењето и размената
Go toTop