Македонските ракометари денес ќе го добијат противникот во баражот за СП

January 27, 2024
1 min read

Во Келн денес околу 14 часот ќе бидат извлечени двојките за баражите за  Светското првенство во 2025 година. Во групата носители е и македонската репрезентација.

Домаќините на Мундијалот, Хрватска, Данска и Норвешка се квалификуваа директно за Светското првенство. Исто така и Франција (финалист), како и Германија и Шведска (ќе бидат трето и четвртопласирани) изборија настап на СП 2025.

Останатите 11 места ќе се решаваат преку натпреварите од плеј-офот за квалификациите за Европа.

Во групата носители се: Словенија, Унгарија, Португалија, Австрија, Исланд, Холандија, Шпанија, Црна Гора, Чешка, Полска и Македонија.

Групата не-носители ја сочинуваат: Грузија, Србија, Фарските Острови, Швајцарија, Романија, Грција, Босна и Херцеговина и четирите селекции од квалификациската фаза на Светското првенство за мажи на ИХФ 2025 година. Украина или Естонија, Финска или Литванија, Белгија или Италија и Словачка или  Израел. Тие четири тима ќе бидат познати на 17 март.

Плејоф-пресметките се закажани за 8 и 12 мај.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Изборно собрание на ДПМ, остана само еден кандидат за претседател

Следно

Најниска температура во Берово – 7, денеска променливо облачно со слаб дожд, а на планините слаб снег

Latest from Blog

Контроли во казина и угостителски објекти во Карпош и Кисела Вода, констатирани прекршоци и изречени мерки

На 27/28 март 2026 во периодот од 20:00 часот до 03:00 часот, на подрачјето на општина Карпош и Кисела Вода полициски службеници од СВР Скопје извршија контроли во повеќе угостителски објекти и

Спортски објекти во Прилеп, Битола, Тетово се под лупа на МВР и ЈО, за базенот во Делчево се чека да стигне ревизорскиот извештај

Во врска со Градскиот базен во Делчево, не е постапено од причина што до ОВР Делчево до овој момент не е доставен ревизорскиот извештај. Во однос на другите спортски објекти кои се
Go toTop