Македонските одбојкарки утре против Луксембург стартуваат во Европската сребрена лига

May 29, 2025
1 min read

Селекторот на женска сениорска одбојкарска репрезентација Стефан Пауновиќ се одлучи со кои 14 репрезентативки ќе настапи на првиот натпревар против Луксембург, кој Македонија го игра утре во Струмица на отворањето на првиот турнир од ЦЕВ Европската сребрена лига.

Коректорот на шампионот Јанта Волеј КВ, Мери Бошковска отпадна од составот поради повреда на скочниот зглоб на еден од последните тренинзи и таа е веќе во процес на санирање на повредата, со цел што побрзо да се врати на теренот, соопшти Одбојкарската федерација на Македонија (ОФМ). Покрај неа во составот ја нема ниту интернационалката Ерјона Јонузи.

„Од претходно најавив дека навистина имам тешка задача и со стручниот штаб бевме во сериозни дилеми околу изгледот на тимот за првиот меч. Сметам на сите и понатаму, се надевам дека и Бошковска ќе ја санира успешно повредата и што побрзо ќе ја имам на располагање. Од овие причини не го објавував составот се до крајниот рок“, образложи селекторот Пауновиќ.

Натпреварот меѓу Македонија и Луксембург е закажан за утревечер со почеток во 20 часот во салата „Парк“ во Струмица, а првиот од серијата турнири во рамки на Европската сребрена лига македонските одбојкарки ќе го комплетираат в недела со дуелот против Швајцарија, во истиот термин.  (МИА)

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЈКП „Тетово“ и натаму е во криза, бара од општината 5,9 милиони денари помош

Следно

Тема на тв 24: Исчезнале како деца и малолетни лица, а по нив се трага и сега

Latest from Blog

Општина Битола ја зголемува употребата на соларна енергија во училишта

Општина Битола продолжува со активна имплементација на праведната енергетска транзиција, со цел поголемо искористување на обновливите извори на енергија. На следната седница на Советот на Општина Битола ќе се разгледува анекс на

Голема акција на полицијата низ цела Србија: ГИ КОРИСТЕЛЕ ДЕЦАТА ЗА ПОРНОГРАФИЈА!

Припадници на Министерството за внатрешни работи, Дирекција за технологија, Служба за борба против високотехнолошкиот криминал, во продолжение на акцијата „Армагедон“, по наредба на Специјалното одделение за високотехнолошки криминал на Вишото јавно обвинителство

Николоски најавува долгорочен развој преку нов просторен план

Скопје – Во тек е подготовка на нов просторен план на државата, документ кој треба да ја дефинира долгорочната насока на просторниот и инфраструктурниот развој, информираше вицепремиерот и министер за транспорт Александар

Фото: Екс тениска шампионка во секси стајлинг

 Ова го потврдува и нејзината најнова објава на социјалните мрежи, каде што само потсети зошто важеше за една од најубавите спортистки во светот. Поранешната тенисерка број еден во светот и шампионка на
Go toTop