Македонскиот рубин станува заштитен минерал

September 22, 2025
1 min read

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини ќе почне институционален процес за заштита на македонскиот рубин, односно на минералот познат како корунд. Ова го соопштија од Министерството по денешниот состанок на министерката Сања Божиноска со претставници на Геолошкиот завод и на Заводот за индустриска сопственост, на кој договориле конкретни чекори за овој минерал да добие официјален статус на заштитено национално минерално наследство.

„Македонскиот рубин, единствен по своето потекло и својства, заслужува институционална заштита и признавање како национално богатство. Ова е само почеток на поголем процес на заштита, вреднување и меѓународна промоција на македонското минерално богатство“, изјави министерката Божиновска.

Минералот корунд се наоѓа единствено во околината на Прилеп и во Мариово, и е единствен природен рубин во Европа. Има црвеникава боја поради присуството на хром.

 

Целиот текст на prizma.mk

Leave a Reply

Your email address will not be published.

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Естонија бара итен состанок на Советот за безбедност на ОН поради упад на руските авиони

Следно

Македонското друштво „Илинден“-Тирана ѝ честиташе на Елиса Спиропали за функцијата министерка за Европа и надворешни работи

Latest from Blog

Судење за „Пулс“: Општината алармирала за несоодветна намена на објектот

На денешното рочиште за случајот „Пулс“, сведокот Драги Илиевски изјави дека Општина Кочани реагирала за намената на објектот и побарала да се спречи негово користење како дискотека. Тој појасни дека објектот се

ЈКП Комуналец – Прилеп: Продолжуваат активностите за уредување на јавните површини

Екипите на ЈКП Комуналец Прилеп извршија поправка на оштетените куќарки во паркот кај Основниот суд Прилеп, еден од најпосетените паркови во градот. Станува збор за простор кој важи за едно од омилените

Борче Димитровски: ОУ „Даме Груев“ добива современи спортски игралишта

Со стартот на новата градежна сезона, започна реализацијата на уште еден значаен проект во Битола – изградба на спортски игралишта во дворот на ОУ „Даме Груев“. Како што информираше секретарот на Општина
Go toTop