Screenshot

Македонскиот клуб од Мелбурн на турнеја: Престон ќе игра во Скопје и Битола

September 20, 2025
1 min read

Најпознатиот македонски фудбалски клуб во Австралија, Престон Лајонс, кон крајот на септември ќе допатува во Македонија каде што ќе одигра две пријателски средби против домашните гиганти Вардар и Пелистер.

Првиот натпревар е закажан за 23 септември на стадионот „Петар Милошевски“ во Скопје, со почеток од 15:30 часот, против Вардар. Два дена подоцна, на 25 септември, Престон ќе се сретне со Пелистер во Битола, исто така во попладневен термин.

Екипата на Престон е составена главно од фудбалери со австралиски пасош, но во тимот настапува и поранешниот македонски младински репрезентативец Метју Божиновски. Клубот е силно поврзан со македонската дијаспора во Австралија, а со него е асоциран и легендарниот тренер Андон Дончески, кој со години работи во Мелбурн.

 

Престон Лајонс е формиран во 1947 година во северното предградие на Мелбурн и долги години беше познат под името Престон Македонија, претставувајќи симбол на македонската заедница таму. Во својата историја клубот има освоено титули во 1980, 1994, 2002 и 2007 година.

Во поновата ера, Престон бележи константен напредок – од НПЛ 3 Викторија во 2022 година, преку ВПЛ 1 во 2024, до враќањето во најсилната државна конкуренција, НПЛ Викторија, во 2025 година. Дополнително, клубот оваа година доби потврда дека ќе биде дел од новоформираното натпреварување Australian Championship, кое стартува во октомври, со амбиција во блиска иднина да игра и во втората австралиска лига, а подоцна и во елитната А-лига.

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Денес го славиме Светиот маченик Созонт

Следно

Русија ја нападна Украина со беспилотни летала и ракети – Полска подигна авиони

Latest from Blog

Американски носач на авиони се враќа дома. Екипажот се жалел на тешките услови

Централната команда на САД (CENTCOM) објави фотографии од носачот на авиони „УСС Џорџ Х.В. Буш“ во Арапското Море, со што се потврдува замената на екипажот на носачот „УСС Абрахам Линколн“ по неколкумесечни

ДРАМА НА ГРАНИЦАТА МЕЃУ МАРОКО И ШПАНИЈА: Масовен упад на мигранти во Европа спречен со дронови и солзавец

Мароканските безбедносни сили во саботата спречија обид на стотици мигранти, претежно од Субсахарска Африка, нерегуларно да ја преминат границата кон шпанската енклава Сеута. За време на интервенцијата беа употребени солзавец, хеликоптери, беспилотни

Над 20 дипломатско-конзуларни претставништва се без амбасадор или генерален конзул

За 11 од нив веќе се избрани кандидати, кои ќе стапат на должност во различни временски периоди по завршувањето на законската постапка, велат од МНР за „Фокус“, посочувајќи дека станува збор за

Пикси на клупата на Ј.Кореја?! Има еден услов…

ФОТО: Fudbalski savez Srbije/FB Сензационално или не, сепак Драган Стојковиќ Пикси, има шанси да биде селектор на Ј.Кореја. Оваа информација ја потврди самиот Стојковиќ во интервју за јужнокорејскиот портал „KBS“, кој постави
Go toTop