Македонскиот кајакар Александар Златаров ќе учествува на интернационален натпревар во Кина

December 18, 2024
1 min read

Кинеската кајак асоцијација по повод 70 години од основање на реонот Нуџианг во провинцијата Јунан, од денес до 22 декември ќе организира спортски натпревари во кајак на диви води  со учество на натпреварувачи од цел свет.

Меѓу натпреварувачите е и Александар Златаров – македонски репрезентативец и член на кајакарскиот клуб Арка-Борец од Велес.

Златаров на овие натпревари во Кина учествуваше и лани во неколку дисциплини. Негов најдобар пласман беше на 6. позиција.

Пред поаѓање за Кина, македонскиот кајакар Александар Златаров за МИА, изјави дека е одлично подготвен и се надева дека со истрајна трка и големо залагање во силната конкуренција ќе се избори да освои подобар пласман од лани.

Натпреварите во кајак на диви води  ќе се одржат на три различни места на реката Нуџианг во градот Лушуи. Во програмата се предвидени натпревари во: кајак класик, кајак спринт, кајак крос, рафтинг и најатрактивната трка „Тигров скок“.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

„Комити“ со јавна пофалба до „Чкембари“

Следно

Претежно суви коловози на патиштата

Latest from Blog

Беким Сали на отворањето на 4-та Балканска школа за педијатрија: Зајакнување на здравствените капацитети за децата

Во присуство на бројни здравствени експерти од регионот, денеска официјално започна 4-тата Балканска школа за педијатрија, значаен настан кој ги обединува педијатрите од различни земји со цел унапредување на знаењето и размената

Коњановски: Поголема поддршка за одвикнување од пушење во Битола

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денеска имаше поздравно обраќање на работилницата посветена на зајакнување на активностите за контрола на тутунот и унапредување на услугите за одвикнување од пушење на локално ниво. Настанот

Ајвар, ќебапи и криптовалути во центарот на Скопјe: Binance носи мешавина од традиција и иновација

(Скопје, 25 март) – Binance, водечката светска берза за криптовалути по обем на тргување и корисници, ќе одржи уникатен настан „Камион со ќебапи“ во Скопјe, Македонија. Од 10:00 часот наутро до 16:00
Go toTop