Македонски државјанин сакал да се бори за Русија во Украина за плата од 3000 евра

November 30, 2024
1 min read

МВР поднесе кривична пријава против македонски државјанин, Ј.К., за „Учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“.

Според информациите, Ј.К. се поврзал преку интернет со лице кое се претставило како регрут за руската војска. Преку оваа комуникација, тој изразил подготвеност да се приклучи на новоформиран одред во руската армија, наменет за борби во Украина, за месечна плата од 3000 евра.

На 5 октомври 2024 година, тој отпатувал од Скопје преку Белград до Москва. По пристигнувањето, престојувал една недела со три други странски државјани, чекајќи да ги заврши административните и медицинските процедури за приклучување кон руската војска.

На 11 октомври, при неговото враќање во Скопје, македонските власти го привеле и спровеле разговор. Подоцна, на 29 ноември, по судски налог, е извршен претрес во неговиот дом, по што му е одредена мерка куќен притвор во траење од 30 дена.

Иако официјална потврда дека македонски државјани се борат на руско-украинските фронтови нема, според податоци на руското Министерство за надворешни работи, објавени во март, 90 Македонци се пријавиле да се борат на украинска страна, од кои 30 наводно загинале.

Кривичниот законик на Северна Македонија предвидува затворски казни од најмалку четири до пет години за учество, регрутација или поттикнување за борби во странски формации. Овие одредби важат и за лица кои би се приклучиле на конфликтот во Украина.

ИЗВОР: racin.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Јанев: Полицијата е партнер на граѓаните, обврска и задача е да им служи

Следно

„Нападите во Косово имаат за цел дестабилизација“: Реагира претседателот на Собранието и вицепремиерот на Македонија

Latest from Blog

Проданоски: Буџетот за 2027 година го креираме со предлозите на прилепчани

Општина Прилеп ги заврши средбите со сите урбани заедници во градот во рамките на консултациите за подготовка на Буџетот за 2027 година. Градоначалникот Дејан Проданоски најави дека процесот продолжува со средби со

Николоски: Од 1 јануари само Државната лотарија ќе може да организира онлајн игри на среќа

Владата го измени Законот за игри на среќа, со кој јасно се ограничува организирањето на игри на среќа. Само Државната Лотарија ќе може да организира игри на среќа, дополнително се воведе ограничување

Божиновска: По три децении зависност од еден гасен правец, Македонија работи на нови врски со соседите

Македонија три децении зависела од само еден правец за снабдување со природен гас, а новите поврзувања со соседите треба да ја намалат таа зависност, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини,

Битола не ги заборава своите херои: Одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада

Во Битола свечено беше одбележана 82-годишнината од формирањето на Првата егејска македонска ударна бригада, со положување свежо цвеќе, оддавање почит и пригодна културно-уметничка програма. Одбележувањето се одржа пред спомен-плочата кај Територијалната противпожарна

Божиновска: Гасните врски со Грција и Србија се приоритет за посигурно снабдување

Гасните интерконектори со Грција и Србија, Вертикалниот гасен коридор и повторното ставање во функција на продуктоводот Солун–Скопје се меѓу проектите со кои Македонија работи на посигурно снабдување со енергија. Ова го истакна
Go toTop